“Надреално сослушување“: 30 годишен син мора да се исели од куќата на неговите родители (видео)

Марк и Кристина Ротондо безуспешно се обидувале да го натераат својот 30-годишен син да се исели од нивната куќа, се додека случајот не стигнал до Врховниот суд на САД.

Судијата Доналд Гринвуд застанал на страната на родителите, и минатиот вторник му соопштил на Мајкл Ротондо дека мора да го напушти домот на своите родители.

Приказната станала вирална откако ја објави порталот Syracuse.com. ВО текстот биле приложени серијата писма кои родителите му ги испратиле на својот син од 14 февруари оваа година, давајќи му 14 дена да се исели од куќата.

Тие во писмата навеле дека ќе му дадат 1.100 долари парична помош да пронајде сместување, му дале бројни родителски совети („Постојат работи дури и за оние со никакво работно искуство, како тебе. Најде една“) и му предложиле да ги продаде своите работи, за да собере што повеќе пари за почеток на самостојниот живот.

Со оглед на тоа дека Мајкл ги игнорирал, брачниот пар се одлучил да се пожали пред суд.

На сослушувањето, кое порталот го нарече “надреално“, Мајкл 30 минути се расправал со судијата, инсистирајќи на тоа дека според законот неговите родители мораат да му дадат предупредување најмалку шест месец пред да му наредат да се исели.

Судијата рекол дека тоа не е вистина, и им рекол на работниците во социјалната служба за заштита на возрасните лица да го истражат случајот.

Мајкл, кој се вратил дома пред осум години, откако ја изгубил работата, им рекол на новинарите дека планира да поднесе жалба.

Тој додал дека не разговара со своите родители, но и оти се уште не е подготвен да се исели и дека е “премногу зафатен за да најде работа“.

Неговите родители наведуваат дека тој на ниту еден начин не допринесува за куќниот буџет.

Мајкл исто така го напуштил факултетот “бидејќи бил премногу тежок“, пишува „Дејли Меил“.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер