Изречени пресудите за „Тенк“, Груевски осуден на 2 години, Поповски на шест ипол

Две години затвор во првата пресуда за Никола Груевски. Екс премиерот не дојде во судница. 

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски денеска во Кривичниот суд Скопје беше осуден на шест години и шест месеци затвор во предметот на СЈО „Тенк“. Второобвинетиот, поранешен премиер Никола Груевски како поттикнувач за сторување на делото е осуден на две години затвор. Поповски е осуден за злоупотребата на службената положба, додека Груевски за стекнување лична корист и потикнување за извршување кривично дело.

Судијката Добрила Кацарска при изрекување на пресудата кажа дека двајцата осудени треба во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата да ја надоместат штетата настаната во овој случај.

Експремиерот Груевски денеска не дојде на изрекување на пресудата за случајот „Тенк“, туку беше застапуван од своите бранители Сања Алексиќ, Димитар Дангов и Боро Тасевски.

Првообвинетиот Поповски, со лисици на рацете од Истражниот затвор Скопје беше донесен во судот. Тој вчера, како поранешен помошник министер за внатрешни работи, беше осуден на девет години затвор за злоупотреба на службената положба во предметот на СЈО „Триста“, за набавка на 300 возила за МВР и веднаш беше упатен во притвор, на барање на СЈО поради опасност од бегство.

За третообвинетата Гордана Јанкулоска, пред еден месец постапката беше издвоена и за неа рочиштето е закажано за 28 јуни.

Според пресудата, прочитана од судијката Кацарска, Никола Груевски извршил влијание врз другите двајца обвинети на начин што од Гордана Јанкулоска побарал МВР да купи патничко возило „мерцедес“, а Јанкулоска, пак, го поттикнала Ѓоко Поповски при купување на возилото да го фаворизира економскиот оператор „Мак Ауто Стар“ ДООЕЛ Скопје.

Пред новиот Кривичен суд сеа собрани 30-тина поддржувачи на Никола Груевски, меѓу кои се и поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски.

Судот е обезбеден со полициски кордон, а уште од синоќа беше ограден со метална ограда со што е ограничено движењето околу судската зграда.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

МВР: 34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање, соопшти МВР.

Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. 

Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

притисни ентер