Бригадниот генерал Арсоски нов командант на Здружената оперативна команда

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со примопредавање на военото знаме на командата, должноста командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) официјално ја презеде бригадниот генерал Павле Арсоски.

Арсоски доаѓа на местото на досегашниот командант, генерал мајор Зоран Милески, кој заминува на местото директор на ГШ на АРМ.

На свеченоста по повод примопредавањето на функцијата присуствуваше и заменик началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Азим Нуредин, кој во својот говор му оддаде признание за досегашната посветеност и работа на генерал мајор Милески, а на новопоставениот  командант Арсоски му посака успешно завршување на задачите на оваа команда.

Генерал мајор Милески со своето обраќање ги потенцираше досега извршените задачи, меѓу кои и учествата и организациите на бројни национални и меѓународни настани, вежби, оценувања. Тој ги повика припадниците на АРМ како и досега максимално да се залагаат во извршување на задачите и му посака успех на новоназначениот командант на ЗОК.

Новопоставениот командант Арсоски потсети на значењето на АРМ, на нејзините достигнувања и укажа дека постојано мора да се вложува во човечкиот потенцијал. 

- Чест, но и одговорност е да се предводи најголемата воена структура во рамките на Армијата. Од мене како командант, можете да очекувате јасен систем на вредности и јасни предуслови за успех во работата. Очекувајте правично вреднување на трудот и успехот. Особено ќе се цени придржувањето на нормите од етичкиот кодекс и високите морални особини, рече Арсоски.

Бригадниот генерал Арсоски е роден во Гостивар. Завршил високо образование на Воената академија во Белград, јазична обука во Германија, постдипломски студии во Воената академија во Скопје. Се школувал во Европскиот центар за безбедносни студии во Германија, докторант е на Институтот за национална историја на УКИМ. Автор е на бројни трудови, коавтор е на уредбата за знак на припадност на АРМ и нејзината доработката. Во својата кариера ги има поминато сите должности, а последната му беше заменик на командантот на ЗОК. 

Американец го преживеал 11 септември, но не и Најроби

Американскиот бизнисмен Џејсон Спиндер е еден од преживеаните во терористичкиот напад на Њујорк на 11 септември 2001 година, но немаше толку среќа да го преживее и нападот на џихадистите во Најроби, Кенија.

Џејсон ја основаше и управуваше фирмата Ај-дев интернешнал која е стационирана во главниот град на генија, а е еден од 14-те настрадани во завчерашниот терористички напад на луксузниот хотелски комплекс во Најроби, потврди неговата мајка.

Американскиот Стејт депатмент потврди дека меѓу настраданите има и еден американец, но не соопшти повеќе детали.

Два дена по нападот во хотелот во Најроби во кој загинаа 21 лице, црвениот крст на Книја соопшти дека деветнаесет лица сè уште се водат како исчезнати.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал Шабаб со седиште во Сомалија, а опсадата на хотелскиот комплекс заврши со ликвидација на напаѓачите.

Голем интерес на прилепчани за фаќање на крстот на Богојавление-Водици

Прилепското намесништво ги завршува подготовките за чествување на големиот празник Богојавление-Водици.

 Според отец Благоја Станкоски голем е интересот на прилепчани кои ќе учествуваат на празникот Богојавление-Водици за да го фатат светиот крст кој в сабота напладне ќе се фрла во водите на Аква паркот во комплексот на прилепскиот хотел „Салида".

– Изутрината од 4 часот во сите прилепски православни храмови ќе се служи божествена литургија, а напладне во Аква паркот е традиционалното фрлање на светиот крст. Пријавени се 98 прилепчани што е за 30-ина повеќе од лани. Во намесништвото имаме пријавени од сите возрасти. Најмладите, девојка и момче, имаат по 13, односно 15 години, а највозрасниот е 50-ина години. Најсреќниот црквата го наградува со икона „Крштение Исусово", објаснува Отец Станкоски, нагласувајќи дека може и други да се пријават пред самиот чин на фрлањето на крстот в сабота на Богојавление-Водици.

Најсреќниот преилепчанец ќе добие подароци и од прилепската локална самоуправа.

Кабинет на Ципрас: Сите Грци треба да ја дознаат вистината за Договорот од Преспа

Нема да одбереме брзи процедури за дискусија и ратификација. И во никој случај нема кришум да донесеме еден договор клучен за иднината на Грција и стабилноста во регионот.

 Нема да одбереме брзи процедури за Договорот од Преспа; имаме намера да биде информиран и последниот грчки граѓанин за аспектите на договорот; сметаме дека е важно да се одржи ТВ дуел со лидерот на опозицијата; неделните изданија на весниците ќе го објават целиот текст од договорот, се дел од следните чекори на грчката Влада во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа, според соопштението од кабинетот на Алексис Ципрас, во кое разјаснуваат неколку работи поврзани со решението меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нема да одбереме брзи процедури за дискусија и ратификација. И во никој случај нема кришум да донесеме еден договор клучен за иднината на Грција и стабилноста во регионот. Напротив, нашата намера е да биде информиран и последниот грчки граѓанин за сите аспекти (на договорот), за да може трезвено да процени дали е за или против нашите национални интереси, соопштуваат од кабинетот на Ципрас и објаснуваат дека нивниот стремеж е грчкиот народ да ја дознае вистината.

Во оваа насока, според кабинетот на грчкиот премиер, Министерството за надворешни работи на Грција ќе се погрижи во недела, во неделните изданија на грчките весници кои што се доста читани и популарни меѓу граѓаните да биде објавен целиот текст од договорот, „за сите откако ќе научат, да бидат во позиција да оценуваат".

А за да можат граѓаните да ги слушнат и да ги споредат аргументите, од кабинетот на грчкиот премиер уште еднаш го повторуваат предлогот на Ципрас од вчера, да се одржи ТВ дуел со лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис.

-Во исто време, сметаме дека е важен чекор во информирањето на грчкиот народ, одржување на дискусија, дебатата со лидерот на опозицијата, а со единствена тема Договорот од Преспа, она што го предложи премиерот на вчерашната седница во Парламентот. Нашиот предлог е дебатата да биде на повеќе телевизии и да се одржи на почетокот на следната седмица, на ден и во време што ќе се договори,  пишува во соопштениот од кабинетот на Ципрас, објави МИА.

Паралелно упатуваат порака до сите демократски и прогресивни политички сили и до секој пратеник дека „за ваквите важни национални прашања, треба да преовладува е патриотскиот интерес".

Доколку целиот текст од Договорот од Преспа излезе во весниците во недела ќе биде во исто време со протестот закажан во центарот на Атина од организации и здруженија што се против решението меѓу Македонија и Грција./МИА.

притисни ентер