Коѕијас: Името треба да се избере од предлозите на Нимиц

Ниту средбите на Коѕијас во Вашингтон не го „омекнаа“ ставот на Атина за предлогот „Република Илинденска Македонија“ да биде основата на пакет решението за спорот со името. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Филипче: На 15 јули ќе изберете кој ќе продолжи да ја води државата

На 15 јули ќе изберете кој ќе продолжи да ја води државата, дали тимот којшто покажа како се води држава во криза или ќе се вратиме назад во времето на репресија и на понижување,одлуката е важна!

Со громогласен аплауз и почит за сите здравствени работници кои се на првите борбени линии за време на корона кризата, започна обраќањето на Венко Филипче, претседател на комисијата за здравство на СДСМ , на централна трибина на коалицијата „Можеме" во Скопје.

-„Се соочуваме со најголема здравствена криза во последните сто години. Гледавме страшни сценарија од Европа, од светот , па и од соседството, а последните информации говорат дека косовскиот здравствен систем е пред колапс.-истакна Филипче на почетокот од обраќањето.

-„Ама ние не видовме такви сценарија кај нас. Не видовме ниту преполни болници, ниту пациенти по ходници , ниту колони возила на итната медицинска помош. Не видовме затоа што реагиравме навремено. Ги следевме препораките на СЗО, ги опремивме болниците, направивме мобилна клиника, купивме заштитна опрема за здравствените работници, го надградивме системот за тестирање,тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи со што го прекинуваме ланецот на ширење на заразата.-истакна Филипче.

-„Бевме свесни дека граѓаните мора да ги знаат точните информации и да не оставаме простор за создавање на паника. А наспроти ова беше опозицијата која ширеше лажни вести, заплашуваше, се закануваше и шпекулираше за бројки на пациенти, за починати лица и тестови".-посочи Филипче.

Тој додаде дека ваков деструктивен однос кон здравствениот систем опозицијата правеше цели 10 години, а нај разочарувачки е блокирањето на 33 милиони евра европски пари кои сега требаше веќе да бида вложени во подготовка на здравствениот систем за есенскиот период.

Изминатите три години направивме крупни промени во здравствениот систем. Инвестиравме во инфраструктурата, реновирани се над 40 одделенија во болниците, го решивме клиничкиот центар, нема веќе сообраќаен хаос, после 50 години е направен транспорт низ клиничкиот центар.

Филипче зборуваше и за инвестициите во терапии, лекови меѓу кои и седум нови лекови за ретките болести, нова биолошка терапија за лицата со карцином, набавката на нови вакцини, инвестиции во нови методи како пресадување на коскена срцевина.

-„Инвестиравме и во знаењето на луѓето. И благодарение на тоа, пред 2 месеци во екот на кризата, за првпат се направи трансплантација на срце. Тој пациент е жив и здрав. И утре ќе си иде дома кај семејството. Да не се направеше тоа немаше да преживее", изјави Филипче.

„Просечната плата на лекар специјалист сега е над 100 илјади денари, а беше 60 илјади. За само 2ипол години. За 25% зголемени платите на медицинските сестри. Секој млад лекар добива загарантирана платена работа во здравствен дом. Над 5000 согласности за вработување. Вработени се над 900 лекари. Над 1000 медицински сестри. Минатата недела, 68 лекари положија испит и добија лиценца за работа во лекарската комора. Пред 2 дена, 37 сакаат да работат во одделенијата со пациентите со ковид, другите во патронажните сервиси. Ниту еден не сака да замине.

Покажавме дека здравствените работници се столбот на здравствениот систем, ама во оваа криза и на нашето општество. Покажаа како се одржува здравствениот систем, како се работи чесно, пожртвувано и како се чува државата.

На 15 јули вие ќе изберете кој ќе продолжи да ја води оваа држава. Дали тоа ќе биде тимот којшто покажа како се води држава во криза. Или ќе се вратиме назад во времето на репресија и на понижување.

Ако делите барем дел од ентузијазмот, вербата и желбата што јас вечерва ја чувствувам ние сме победници", порача Филипче.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Царовска на трибина во Скопје: Гласајте за "Можеме", создадовме праведно и толерантно општество

Носителката на кандидатска листа во ИЕ 1 Мила Царовска на трибина во Скопје ги повика граѓаните да гласаат за Коалицијата "Можеме".

"Ќе ви кажам само три работи зошто не сме исти и зошто е важно секој од нас да излезе на 15 јули и да заокружи три.

Првата работа што не прави различни од ВМРО-ДПМНЕ е праведност.

За 2,5 години покажавме што е праведност. Праведност е кога на најсиромашните им ги качувата примањата за 300%, напсроти злоупотреба за гласање и поткуп на овие граѓаните. Праведност е да им помогнете на 12.000 стечајци да имаа достоинствен живот, работеле луѓето цел живот. Праведност е да се борите искрено и од срце, а ова јас ви го гарантирам да ја намалите нееднаквоста. Знам не е лесно тоа, но искрено се бориме за тоа. Праведност е да ја покачите минималната плата, да дадете повеќе пари за децата кои немаат еднакви шанси со нивните врсници. Е тоа е драги пријатели праведност. И изборот е праведна земја напсроти неправедна", рече Царовска.

Царовски посочи дека втората работа што ја нуди коалицијата "Можеме" се вика толеранција и почит.

"Толеранција е кога на лицата со попреченост ќе станат видливи. Кога искрено ќе се бориш тие да бидат еднакви. Почит е кога сите граѓаните ги третираш еднакво, кога сите мерки, си политики се наменети за сите без исклучок. Без рзлика која етничка припадност, каде живеат, кои се. Дали се жени и мажи. Тоа е почит за сите. Ние нудиме единство, тие разединување. Бираме помеѓу вакво општество и општество на поделби, омраза, непочит, нетелоренација", рече Царовска.

Царовска рече дека третата разлика кијашто е и најважа е насоката на земјата. "Знаеме каде одиме, знаеме што не очекува. Со НАТО обезбедивме сигурност и безбедност, одиме кон ЕУ. Знаеме што ни носат преговорите со ЕУ, повеќе пари, подобар стандард, но и правна држава како за мене најважната придобивка од ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ нуди изолација и враќање назад.

Разлики има уште многу, но избор има само еден. На 15 јули изберете праведна, толернатна, напредна држава, каде секој од вас се цени почитува и напредува", рече Царовска.

Центар за комуникации со јавностана СДСМ

Заев од централната трибина во Скопје: Слободарско Скопје знае дека ЕУ и НАТО се правиот пат

„Носите маски, но ја гледам надежта на вашите озарени лица.“

„ Слободно Скопје секогаш било авангардата и гордоста наша", вака претседателот на СДСМ Зоран Заев го отвори своето обраќање на централната трибина на Коалицијата „Можеме", во Скопје.

Претседателот Заев порача дека денес правиот пат значи ЕУ и НАТО, значи грижа за сите, значи заштита од КОВИД – 19, економски раст и повеќе пари за секој.

„Убаво е слободно Скопје кое што верува дека одиме по правиот пат, Скопје кое што знае дека прав пат е грижа за сите, грижа за сите која што ја покажавме на дело во изминатите три години. Грижа за најсиромашните, грижа за помалку бројните етнички заедници, грижа за жените, грижа за лицата со посебни потреби, грижа подеднакво за сите, нашиот главен град Скопје знае дека е на правиот пат затоа што имаме вистинска развојна македонска економија, затоа што покажавме дека кога се решаваат најкрупните прашања можеме да водиме грижа за нашата економија.

Скопје знае дека ЕУ и НАТО се правиот пат. Знае дека сме на правиот пат затоа што гледа дека сме најуспешни во борбата со КОВИД – 19, Скопје знае дека сме на правиот пат затоа што знае дека тоа е патот кој што води кон целосен ред, дисциплина и правда. Скопје, слободно наше Скопје кое што секогаш ја храбрела внатрешноста на Македонија знае дека сме на правиот пат затоа што создаваме еко држава, знае Скопје дека овие шест столба се правиот пат, знае Скопје дека можеме, знае Скопје дека можеме уште подобро, уште повеќе", порача Заев.

притисни ентер