Вест Хем го промовира Пелегрини

Мануел Пелегрини од денеска и официјално е нов менаџер на премиерлигашот Вест Хем.

Чилеанецот и клубот од Лондон постигнаа договор за тригодишна соработка.

Сите детали биле договорени вчеравечер, по што двете страни го потпишале договорот, објавија англиските медиуми.

Пелегрини на клупата на Вест Хем ќе го наследи Дејвид Мојс кој си замина по само шест месеци, откако клубот сезоната ја заврши на 13. место.

Претходните две години чилеанскиот фудбалски стручњак го предводеше кинески Хебеј. Во Премиер лигата пред четири години со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј.

Вардар со убедлива победа против ПИК Сегед , се ближи до Келн

„Црвено-црните“ во Скопје повторно прикажаа незаборавна игра и го совладаа Пик Сегед со убедливи 31-23. 

За пласман на Ф4 неопходно ќе биде и добра партија во Унгарија, но Вардар има и квалитет и искуство за такво нешто, така што се очекува  нов фајналфор во Келн.

Карачиќ беше прв играч на овој натпревар со осум гола, исто толку постигна и Криштопанс, а шест Скубе, додека Милосављев постигна десет интервенции.

Реванш натпреварот меѓу Пик Сегед и Вардар на програмата е на 5 мај.

Фудбалски судија ги оштетил , па по него ја нарекле градската депонија

Рускиот тим Уфа , која е на 14. место и се бори за опстанок загуби уште еден натпревар против тимиот на Арсенал од Тула.

Иако целата сезона играат лошо , за поскледниот пораз навивачите го обвинија судијата , 32 – годишниот Владимир Маскаљев. Тој толку многу ги оштетил што едвај се спасил да не биде натепан по натпреварот од гневните навивачи на Уфа.

За таквото судење се налутиуја и градските власти , кои во знак нареволт , градската депонија ја нарекоа по него.

Навивачите го запалија стадионот на Славија (ВИДЕО)

Големото дерби на Прага меѓу Славија и Спарта во полуфиналето на купот заврши со убедлива победа на домаќинот со 3:0.

Во финалето Славија ќе игра против Баник , кој го исфрли тимот на Бохемианс со победа токму во Острава. По победата сепак не беа толку важни фудбалерите , колку навивачите.

Тие буквално го запалија стадионот во чешкиот главен град со ислјадници факели. Гледано од перспектива на голмнанот , изгледаше како целиот стадиона да е во пламен.

притисни ентер