Во Марсеј вооружена група пукала на минувачи

Неколку маскирани напаѓачи  синоќа започнале да пукаат  со „калашников“ во Марсеј, на југот од Франција. Засега со сигурност се знае дека  едно лице е повредено.

Напаѓачите отвориле оган од три возила врз група млади луѓе што се наоѓале во близина на култниот центар „Лабусеран“, јавија локалните медиуми.

Дошло и до размена на оган со припадниците на полицијата, која го блокирала тој дел од градот.

Нема информации за уапсени, а на местото на пукањето се наоѓаат пожарникари и екипи на брзата помош.

Се верува дека нападот не бил од терористички карактер.

Светот се стресе поради новата подводна ерупција , од која настана огромен вулкан

Во ноември минатата година научниците забележале исклучително чуден потрес со необични фреквенции , што почнале од островот Мајоте во Индискиот океан , а потоа се раширил низ целиот свет.

На научниците им требало неколку месеци за да утврдат од што настанал чудниот силен земјотрес што ја потресол целата земјина топка. Според резултатите од истражувањето , потресот бил предизвикан од голема подводна вулканска ерупција.

Геолозите отпатувале на местото каде што бил епицентарот на сеизмичката активност и таму нашле огромен активен вулкан , што се издигнувал на 800 метри од морското дно и има дијаметар од 5 километри.

Најголемо изненадување бил фактот што само пред шест месеци таму немало никаков вулкан.  Од таму научниците сметаат дека земјотресот бил резултат на ,,раѓање “ на новиот огромен вулкан. Земјотресот бил регистриран на 11 ноември , а сеизмолошките бранови траеле дваесетина минути.

Островот Мајоте се наоѓа меѓу Мадагаскар и Мозамбик. Сеизмолошките бранови биле регистрирани во целиот свет, од Нов Зеланд до Канада, а подрачјето околу островот Мајоте не е сеизмички активно.

Борисов и Ципрас го означија почетокот на изградбата на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија (ВИДЕО)

Бугарскиот премиер Бојко Борисов откако го пречека својот грчки колега Ципрас го извози во џип, до местото каде што е планирано да помине интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија.

 Во јужниот дел на соседна Бугарија, во селото Кирково денеска двајцата премиери ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот меѓу двете земји.

Извори за грчката новинска агенција АНА-МПА изјавиле дека Грција работи на сите инфраструктурни проекти, кои ќе обезбедат услови за безбедно енергетско снабдување во Југоисточна Европа и Источниот Медитеран и ги спомнуваат гасоводите ТАП и Ист-Мед, како проекти што „ја зајакнуваат енергетската безбедност во регионот, како и економската и геополитичката улога на Грција“.

Столтенберг повторно во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, придружуван од Северноатлантскиот совет на 2 и 3 јуни ќе ја посетат Македонија.

За време на дводневниот престој ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување во северноатлантската Алијанса.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки.

По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.

притисни ентер