Скандал по кралската венчавка- братучедот на војвотката Меган фатен со нож

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган вечерта по кралската венчавка бил фатен со нож во дискотека во Лондон.

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган , Тајлер Дули бил фатен од полицијата вооружен со нож во ноќен клуб во Лондон. Тој избегал од обезбедувањето , но полицијата го нашла во хотел , каде на полицајците им предал и бибер спреј.

Рекол дека ножот и спрејот му биле потребни за самоодбрана. Полицијата го потврдила инцидентот и според соопштението од Скотланд Јард , братучедот на Меган поминал со предупредување ,

Инаку , Тајлер Дули поседува плантажа за производство на марихуана во американската држава Орегон.

Најбогатиот човек на светот паднал во мрежата на искусен ловец на милијардери (ВИДЕО)

Лорен Санчез уште пред неколку години, кога прв пат го запознала ,  рекла дека и треба маж токму како Џеф Безос.

Излегуваат на површина се повеќе информации како ТВ водителката Лорен Санчез успеала да го улови најбогатиот маж на светот , сопственикот на Амзан , Џеф Безос .

Таа е снимена како со хеликоптер слетува на аеродромот во Калифорнија. Очигледно , 49 годишната Лорен не е загрижена за информациите дека неколку години го ловела Безос и неговото богатство проценето на 140 милијарди долари , и тоа додека била мажена за холивудскиот магнат Патрик Вајтсел.

,,Тоа е маж што ми треба” , изјавила Лорен откако пред неколку години заедно со сопругот го запознала Безос во Сиетл. Таа од секогаш сакала богати мажи , зашто многу трошела , тврдат нејзините поранешни пријателки .

Знаела да потроши и 12 000 долари во еден ден и тоа само на чевли. И рекла на пријателката дека мажот и го има смотано околу малиот прст и дека ништо не и забранува.

Очигледно , тоа било малку зашто минатата недела Безос објави дека се разведува со сопругата по 25 години брак . Причина за разводот е токму Лорен , со која веќе извесно време биле во љубовна врска , иако и Лорен е мажена.

Тврдеше дека знае како Русите му помогнале на Трамп ,а сега е окована во синџири на Тајланд

Манекенка од Белорусија , која тврдеше дека има докази како Русите му помогнале на Доналд Трамп да стане претседател , денеска се појави во синџири на суд во Тајланд , зашто држела ,,курсеви по секс”.

Анастасија Вашукевич , позната како ,,Настја Рибка” е во притовр од минатиот февруари по апсењето во рација во туристичкото место Патаја на Тајланд. Таа се ртовари за седум кривични дела , меѓу кои и проституција.

Рибка отпатувала на Тајланд по скандалот со рускиот алуминиумски милијардер Олег Дерипаска , поранешен соработник на некогашниот водител на кампањата на Трамп, Пол Манафорт. Манекенката во необичен исказ кажа низа детали за вмешаноста на Кремљ во претседателските избори во САД.

Но , бидејќи немаше докази , нејзиното тврдење беше прикажано како забава за јавноста.

Полицијата на Тајланд , откако ја уапси манекенката тврди дека таа и нејзиниот гуру , Русинот Алекс Кирилов , прекршиле неколку закони за пристојно однесување. Кирилов , пак тврди дека некој наредил апсење на Рибка , а смета дека тоа е Вашингтон.

Таа напишала и книга за заведување милијардери , па за тоа има проблем и со руските закони и се плаши од депортирање во Русија.

Дерипаска лани доби судски спор против Рибка поради нарушување на приватност , зашто таа објавила видео во кое се гледа како Дерипаска се дружи со потпретседателот на руската влада, Сергеј Прихотка.

Вооружена банда напаѓа со мачети беспомошен човек (Вознемирувачко видео)

Денеска на социјалните мрежи се појави видео од страшен инцидент што се случил во четвортокот во британскиот град Ливерпул.

Маж беше исечен со мачети и ножеви пред трговски центар во Ливерпул од вооружена банда . На видеото се гледа како три лица со маски излегуваат од возило и го напаѓаат и го сечат човекот.

Се слушаат и извици на неговата сестра , која бара помош. Нападот трае околу 20 секунди , а потоа напаѓачите бегаат и по пат и ја повредуваат раката на сестрата на нападнатиот. Двајцата се однесени во болница и се во стабилна состојба.

Полицијата трага по напаѓачите. На социјалните мрежи е споделено видеото за да се јават лица , кои може да ги препознаат.

притисни ентер