УКИМ го одбележа патронатот со свечена академија

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го одбележа својот патронат и 69 години од основањето. 

Ќе го помагаме и поттикнуваме развојот на унвиерзитетската дејност на сите универзитети во Македонија и таа помош и поддршка ќе бидат секогаш достоинствено проследени со почитување на нивната автономија, истакна премиерот Зоран Заев вечерва на свечената академија. Претседателот на Владата зборуваше за заложбите што во насока на квалитетно високо образование ги презема Владата, посочувајќи го донесувањето на новот Закон за високо образование и Стратегијата за развој на образованието 2018-2015 во која, рече, прв приоритет во високото образование е да се обезбедат квалитет и ефикасност во согласност со добрите европски практики.

- Со универзитетите веќе работиме на враќањето на автономијата, како и на поголемо меѓународно поврзување на факултетите. Ќе ги зголемиме инвестициите во науката, истражувањето, развојот и иновациите. Ја унапредуваме и содржината на студии низ проширена листа на наставни предмети. Приоритет е подобрување на достапноста на лицата со попреченост, а посебно внимаваме и на подобрување на условите во студентските домови. Воспоставуваме услови за зголемување на инвестициите во високото образование. Истовремено работиме активно и на унапредување на состојбата со македонскиот јазик и на чувањето на колосалното идентитетско наследство што ни го оставија во аманет нашите просветители, истакна Заев во обраќањето.

Зборувајќи за мисионерското дело на Кирил и Методиј со кое го задолжиле сиот словенски свет, премиерот нагласи дека просветителите во 9 век дејствувале широко и без предреасуди покажувајќи дека така се негуваат вредностите за колективното добро и дека мора да се верува во визијата оти тоа е можно.

- Тоа бара макотрпна работа, бара да се издигнеме на културно и општествено ниво, бара да се надминеме самите себеси, но само тоа е патот што ги поместува границите и хоризонтите кон една светла иднина за сите, порача Заев. Рече и дека на нашето општество му е неопходна академската мисла, идеја и критики и затоа ги повика сите професори, студенти, медиуми, граѓанскиот сектор да бидат партнери во развојот на науката, да советуваат, критикуваат и насочуваат, да не бидат пасивни зашто, како што рече, потребни му се на заедничкото општество.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски во својата поздравна реч посочи дека со должна почит Универзитетот се потсетува на своите заштитници и на нивното епохално мисионерско дело, заслужни за културниот развој на сите словенски народи и поради тоа прогласени за патрони на Европа, а од црквата за рамноапостоли./МИА

Избрани 12 поротници за судењето против Трамп

Меѓу 12-те поротници има седум мажи и пет жени, според Си-Би-Ес Њуз. 

Судот во Њујорк назначи 12 поротници кои ќе ја донесат конечната пресуда во врска со обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводно фалсификување деловни документи во случајот со тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, пред судот во Менхетен.

Меѓу 12-те поротници има седум мажи и пет жени, според Си-Би-Ес Њуз. Изборот на поротата ќе продолжи денеска, бидејќи до почетокот на судењето треба да се изберат уште шест резервни поротници.

„Имаме порота“, рече судијата Хуан Мерчан откако новите поротници се заколнаа дека ќе носат одлуки „праведно и непристрасно“.

Мерчан посочи дека судот е на добар пат да го започне судењето со воведни зборови од понеделник, 22 април.

Обвинението поднесено од обвинителот Алвин Брег го обвинува Трамп за фалсификување деловни извештаи со цел да се прикрие исплатата за порноѕвездата Сторми Даниелс непосредно пред изборите во 2016 година. Обвинителството најави дека ќе се фокусира на финсиските средства што Трамп му го дал на својот поранешен соработник Мајкл Коен, кој тврди и дал 130.000 долари на Даниелс, со цел да ја замолчат за нејзината наводна афера со Трамп. Според Обвинителството, тоа бил обид за незаконско влијание врз изборите во 2016 година. Ваквите исплати во САД не се нелегални, но според обвинителите Трамп направил кривично дело со неправилното евидентирање на надоместокот за Коен како правни трошоци. Трамп е обвинет за вкупно 34 кривични дела за фалсификување деловни книги од прв степен. /МИА

Тошковски: Расчистена кражбата на сеф од маркет Рептил во Црниче

Министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека е расчистена кражбата на сеф од маркет во Црниче.

„Расчистена кражбата на сеф од маркет Рептил во Црниче.

Во врска со тешка кражба во маркет Рептил извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.

На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица.

Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело “Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор“, стои во објавата на Тошковски.

Украина тврди дека соборила руски бомбардер Ту-22М3

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер Ту-22М3.

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа проектили и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, по првпат соборија стратешки бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Kh-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската област поради техничка неисправност, а пилотите се катапултирале. Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага, наведува руското Министерство. /МИА

притисни ентер