Во Мерцедес загриженост пред трката во Монако

Директорот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека трката за Големата награда на Монако не одговара на болидите на неговиот тим.

Минатата сезона на патеката во Монте Карло возачите на Мерцедес имаа слаб пласман, при што Валтери Ботас беше четврти, а актуелниот светски шампион Луис Хамилтон заврши дури на седмата позиција.

- Минатата година увидовме дека патеката не одговара на нашите болиди. Меѓутоа, тешко е да се зaмени структурата на болидите, но факт е дека во Монако, Будимпешта и Сингапур не остваривме добри резултати. Тоа ќе биде голем предизвик за нас да го надминеме оваа година. Се уште не сме откриле поради што нашиот болид не е брз во свиоците и тоа навистина не загрижува, истакна Волф.

Шампионатот во Формула 1 продолжува следниот викенд со трката за Големата награда на Монако./MИА

Азар: Сари покажа дека е меѓу најдобрите тренери на светот

Играчот од средниот ред на Челзи, Еден Азар е  задоволен од начинот на кој игра под водство на Маурицио Сари. 

Според белгискиот репрезентативец, Челзи добил многу со доаѓањето на Сари.

- Знаевме дека Сари е фантастичен тренер. Тој покажа дека е меѓу најдобрите во светот. Играме многу добро, постигнуваме многу, создаваме шанси. Кога тој се приклучи на тимот, веднаш ми укажа доверба. Ми рече дека сака да ме направи еден од најдобрите играчи во светот. Секогаш ми кажува дека можам да постигнам по три гола на натпревар. Тешко е, но јас го правам најдоброто што можам, изјави Азар.

Челзи по осум кола во Премиер лигата е на делба на првата позиција заедно со Манчестер Сити и Ливерпул. трите екипи имаат по 20 бода. /МИА

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Светското фудбалско првенство, што летоска се одржа во Русија, за тамошната економија во периодот 2013-2018 значеше приход од 952 милијарди рубљи, или околу 12,5 милијарди евра, објави Организациониот комитет на Мундијалот.

Во „Студијата за економски, социјални и еколошки влијанија на Светското првенство во Русија“ се потенцира дека позитивниот ефект се манифестира меѓу другото во зголемената туристичка потрошувачка, инвестициите во инфраструктурата и други фактори.

Вкупно во Русија, според податоците на Организацискиот одбор, за подготовката и одржувањето на Светското првенство во фудбал, што се одржа од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони во 11 градови, потрошени се 688 милијарди рубљи, малку повеќе од девет милијарди долари.

Вкупното влијание на Мундијалот се проценува на 952 милијарди рубљи, што е 1,1 отсто од годишниот БДП на земјата, се вели во студијата.

Благодарение на зголемените средства од туризмот во Русија, според податоците, значително биле зголемени приходите од продажба кај малите и средни претпријатија и во период од пет години тие изнесуваат 797 милијарди рубљи.

Врз основа на пресметка на Организацискиот комитет, ефектот на СП во туризмот во следните години ќе биде позитивен и во државниот буџет ќе се слеат меѓу 40 и 70 милијарди рубљи. /МИА

Металург поразен од Железничар во СЕХА лигата

Металург на домашен терен беше поразен со 29:30 од нишки Железничар во натпревар од шестото коло на СЕХА лигата.

По првите десетина минути во кои се играше гол за гол, ракометарите на Металург им дозволија на гостите да воспостават котрола на теренот и на паузата заминаа со предност од 13:16.

Во второто полувреме Железничар ја зголемуваше предноста, која во 44-та минута беше највисоки пет поени разлика (19:24).

Металург се обиде до крајот на натпреварот да ја анулира разликата и да направи пресврт, но гостите не дозволија изненадување и натпреварот го добија со минимални 29:30.

За тимот од Автокоманда ова беше пети пораз и се уште е без победа во регионалната лига.

притисни ентер