Дали преговорите за името ќе финишираат во Њујорк?

Топло-ладно со предлогот Република Илинденска Македонија.

Според последните информации кои пристигнувамт и од Атина и Скопје, по се изгледа дека некои ова можно решение прерано го “погребаа”. Спроед премиерот Заев не можело да постои интелектуалец или политичка За опозицијата и натаму овој партија која би се чуствувала загрозена од овој предлог. Премиерот уште еднаш повтори дека промена на уставот не може да се прави за било кое решение.

За опозицијата и натаму овој предлог е неприфатлив и навредувачки. Слична е ситуацијата и со опозицијата во соседна Грција, која речиси едногласно го отфрли предлогот, бидејќи според нив тој зрачел со ирендентизам без притоа да се навлегува во детали или анализа зашто е иредентистички. Портпаролот на Грчката влада Димитрос Ѕанакопулос, денес уште еднаш кажа дека го поздравуваат префажањето на ерга омнес, но дека новото име треба да произлегува од предлозите на Нимиц,

,,Што се однесува до името не сме стигнати до таму. Секако постојат продлози кои се ставени на маса, но, сепак грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави мидијаторот Нимиц во неговите предлози.”

И грчкиот алтернативен министер за надворешни работи смета Јоргос Катругалос смета дека договорот требало да биде пакет, односно тој да ги опфаќа сите акспети на проблемот.

,,Секој договор се разгледува како пакет. Тоа значи дека ги разгледуваш предлозите еден по еден дел. На пример, името треба да има две карактеристики. Треба да го разликува грчкиот и историскиот карактер на нашата Македонија од соседната земја и второ да не содржи елементи на иредентизам.”

Интересни вести пристигнуваат од Грција, а ги пренесува весникот Катиремени. Имено, во телефонски разговор, потпредседателот на Америка Мајк Пенс, му кажал на Ципрас дека САД целосно го поддржуваат предлогот Република Илинденска Македонија. Весникот уште анализира дека ова име, без соодветен предвод на англиски бил основа за разговорите на Димитров и Кодѕиас со медијаторот Нимиц, оваа недела во Њујорк.

Според многумина токму средбата со Њујорк ќе биде клучна за преговорите. Според министерот за надворешни Димитров, не е можно секое име да биде Ерга Омнес, одосно да биде употребувано според желбите на Грците. Според него колку што се инсистира пошироко да се применува новото имет, толку Македонија има поголема слобода да избере кое ќе биде тоа. Доколку се инсистира за Нова или Горна Македонија, тогаш преговорите ќе се вратат во фазата Виена / Охрид, кога се разговараше за опсегот на употреба. Познавачите пак веруваат дека наредниве денови ќе има засилен меѓународен притисок за затворање на повеќе деценискиот спор.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер