Бикот Диско од 1600 кг, има 140000 потомци!?

Атракција на годинешниот Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад е бикот Диско кој тежи дури 1600 килограми, во сопственост на Сточарско – ветеринарниот центар Крњача од Белград.

Овој природен бик од сименталска раса зад себе до сега остави неверојатни 140 000 потомци , неговите ќерки на многу натпревари освоиле престижни награди.

Годината тој самиот добил награда за најголем бик  на најголемата саемска манифестација во регионот.

Диско инаку бил роден во Австрија и како теле бил купен во Србија.

Фото: Кучето на семејството Бекам има Луј Витон ќебе!!

Домашниот миленик, кучето Оливија е шестиот член на познатото семејство Бекам.

Медиумите се навикнати да ги гледаат членовите на семејството на славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам во разни луксузни и скапоцени изданија. Но, сега во луксузно издание се појави и кучето на Бекамови.

На социјалните мрежи е објавена фотографија на која може да се види Оливија покриена со ќебе Луј Витон.

Галеничето на Дејвид и Викторија е замотано во ќебе кое чини дури 4600 долари.

Кучето Оливија од 2015 година е член на семејството Бекам, тоа дури има и свој Инстаграм профил.

За луксузниот третман кон Оливија покажува и фактот што Бекамови плаќаат специјален тренер кој го води кучето на прошетка, за околу 50 евра на час.

Ужас во Австралија – голем питон сакал да изеде момче на спиење

Родители на 14 годишно момче , кои живееле во зафрлено место во Австралија , ги разбудиле страшни врисоци на нивниот син.

Дотрчале во неговата соба и виделе змија долга три метри , како се обидува да го изеде детето. Питонот бил замотан околу раката на детето и ги зарил забите во дланката.

,,Сакаше да му ја изеде раката.Се боревме со змијата , но колку повеќе ја влечевме , забите влегуваа се подлабоко. ” , раскажува мајката Ема Џексон за австралиската телевизија АБЦ.

На крај мајката зграпчила детска касичка во облик на птица, и ја забила на змијата во устата, а таткото силно ја повлекол главата на змијата и го спасиле детето.

Мајката вели дека речиси секојдневно во нивното место во Квинсленд се соочени со змии , па ги учат децата да не се плашат од нив , но оваа била навистина голема и агресивна.

Детето било префрлено во болница , каде и покрај преживеаниот ужас рекло деке на се плаши од змии , но во иднина ќе биде повнимателен.

Жена чудно одела низ аеродром , полицајците се шокирале кога виделе што носи под здолништето

Шеесет годишна жена ги шокира полицајците , на кои им било сомнително нејзиното одење низ аеродромската зграда Шуиту , на Тајван.

Жената се враќала од Кина и патувала на островот Кинмен на Тајван. Полицајците забележале дека чудно се движи и и рекле да седне за да ја претресат . Кога и го дигнале здолништето , виделе страшна глетка.

Во мали вреќички носела 24 живи скокајглувци. Животните и биле закачени околу бутовите. На полицајците им рекла дека ги купила глувчињата во продавница за домашни миленичиња во Кина и им ги носи на пријателките за подарок.

Полицијата сепак смета дека жената е дел од организирана мафија , која вршела проверка какви се безбедните системи на аеродромот.

Најлошо во целата приказна поминале малите животинчиња , кои биле убиени по запленувањето.

притисни ентер