За што служи фиоката под рерната: што вие држите, во шпоретот, а што е предвидено

За што и да ја користите веројатно не ги користите на начин на кои произведувачот ја наменил – како ниту поголем број луѓе. Ова била вистинската намена на фиоката под рерна.

Веројатно и вие сте еден од голем број луѓе кои во фиоката под рерната држат мрсна хартија, фолија, капаци или калапи за мафини.

Но без оглед за што и да ја користите, веројатно не ја користите за тоа за што произведувачите ја намениле.

Таа фиока всушност служи да ги одржи јадењата топли. Таа е „топла фиока“ во која можете да ја ставите храната по печење и таа ќе остане на температура за послужување.

Доколку се уште ги имате упатствата за вашиот шпорет, проверете што пишува. Во поголем број од нив стои опис каков што е овој: Топла фиока е смислена за да ја сочува топлината на храната на температура за послужување. Секогаш во неа ставајте ја жешката храна. Изладената храна или онаа на собна температура не може да се загрее или готви во „топлата фиока“, пишува Редбукмаг.

Ако досега не сте ја користеле, може да ви послужи кога гостите ви доцнат за да ги одржите топли јадењата кои сте ги подготвиле.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

НЛБ Рамка за помош – Разговор.мк

Интервју на Георги Михајлов од Калчр технолоџис со проектот Разговор.мк

НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.

Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.

Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.

Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.

Во продолжение, Ви го претставуваме Георги Михајлов од Калчр Технолоџис со проектот Разговор.мк

Разговор.мк е платформа за грижа за менталното здравје, основана во 2020 година. Преку нашите мобилни апликации луѓето можат анонимно да пребараат над 80 лиценицрани психолози и со истите да закажат и оддржат сесија онлајн. Ова е прв и единствен ваков продукт во Македонија. Нашата мисија е да го направиме себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. 60% од корисниците преку разговор.мк за прв пат разговарале со психолог во својот живот. Нашата визија е амбициозна – да го прошириме досегот надвор од Македонија, нормализирајќи ја грижата за менталното здравје во регионите каде што е најпотребна.

Зошто е меѓу избраните?

Психолошката грижа и поддршка станува повеќе од потреба за многу поедници на различни возрасти. За жал, се уште меѓу луѓето постојат предрасуди за барање психолоша помош што доведува до зобилни девијантни појави и однесувања. Проектот го поддржувам бидејќи се работи за мобилни апликации преку кои луѓето можат анонимно да пребараат лиценицрани психолози и со истите да закажат и оддржат сесија онлајн. Мисија е да го се направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со проектот се демистифицира грижата за менталното здравје, правејќи ја достапна и помалку стигматизирана.

притисни ентер