Мицкоски: Ставот за името ќе го искажеме по лидерската средба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека ставот на партијата по евентуалниот предлог за договор за името ќе го даде после лидерската средба закажана за утре во Скопје

- Што се однесува на прашањето за името, да почекаме утре лидерската средба, после неа ќе имаме став и позиција. Засега немам став, јас сум сериозен човек, за сериозни теми сакам да располагам со сериозни информации. Не би сакал да претпоставувам, ниту да одговарам на хипотетички прашања. Гледаме оптимизам, песимизам, и од грчка и од македонска страна прилична какафонија, така да ја почекаме лерската средба и ќе добиете одговори. Лично мене ми се допаѓа Република Македонија, рече Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија во врска со дијалогот од процесот „Жан Моне“ рече дека токму на нивна иницијатива и активностите на партиското раководство во Брисел наместо во Париз се одржува во Охрид.

-Денес сме овде на завршната вечера кој што е дел од процесот Жан Моне. Ова е процес кој по наша иницијатива по состаноците во Брисел и со Европската тројка и на наше барање беше преместен од куќата Жан Моне во Македонија. Тука сум на завршната вечера и очекувам да дознам од моите соговорници што се договорило за време на работниот дел од овој процес така да дури тогаш ќе ги имам прецизните детали. Што се однесува до вашето прашање да ја почекаме лидерската средба која ќе даде одговор на вашето прашање по што ќе имаме став., рече Мицкоски

Фото: Моника Белучи вистински ужива во кафеана на село

Една од најубавите жени во светот, актерката Моника Белучи, е снимена деновиве во Калката, античко средновековно село во Италија, изградено на карпите над кањонот.

Станува збор за село на само 50-ина километри од Рим, а токму таму Моника заминала на ручек во ресторанот „Terrazza sul Treja“, каде уживала во различни деликатеси со својот партнер, британскиот режисер Тим Бартон.

Двојката веќе некое време е во врска и не ја кријат љубовта. За време на ручекот Моника и Тим на воодушевување на останатите гости без проблем си разменувале бакнежи.

Во Бартон, по разводот, Моника конечно најде маж со кој сака да остари.

Санчез: Ирска и Норвешка се за признавање на независноста на палестинската држава

Ирска и Норвешка се за признавање на независноста на палестинската држава, Португалија е воздржана, вели Санчез.

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, кој собира поддршка ширум Европа за признавањето на независноста на палестинската држава, ги придоби Ирска и Норвешка, но не и Португалија откако конзервативците дојдоа на власт таму, објави шпанската јавна телевизија ТВЕ.

„Она што се случи овој викенд потврдува дека она што го заговараме со месеци е неопходно. Сега има два патишта отворени пред нас. Едниот води кон ескалација на војната, а другиот до прекин на огнот од сите страни. Од почетокот на оваа криза, Шпанија се залага за мировен процес со решение со две држави, а со тоа и взаемно признавање на Палестина и Израел“, рече Санчез на прес-конференцијата на која присуствуваше со новиот португалски премиер Луис Монтенегро.

Санчез претходно порача дека Шпанија има намера до јули да ја признае независната палестинска држава и дека наскоро може да се „создаде критична маса“ во ЕУ за тоа да го сторат и другите земји.

Во ова на Шпанија и се придружија Ирска и Норвешка, кои Санчез ги посети во пред неколку дена, но новоизбраната Влада на Португалија остана воздржана.

„Не сум толку далеку од признавањето на палестинската држава, но сметам дека решението за две држави треба да се донесе во мултилатерално опкружување“, рече Монтенегро. /МИА

Русија и Украина два месеци преговарале со Турција за договор за обезбедување транспорт

Русија и Украина два месеци преговарале со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море, според извори.

Русија и Украина два месеци преговараа со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море и постигнаа договор за текст што требаше да го објави Анкара, но Украина одеднаш се повлекла. Ова го јавија турски медиуми повикувајќи се на агенцијата Ројтерс, кои имале и копија од текстот на договорот, кој никогаш не беше објавен во јавноста.

Разговорите беа со посредство на Турција, која беше охрабрена од Обединетите нации, изјавија четири извори, кои сакаа да останат анонимни поради чувствителноста на темата.

Договорот беше постигнат во март и имаше за цел – безбедна пловидба на трговски бродови во Црното Море. Иако Украина не сакаше формално да го потпише, Киев се согласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го објави договорот на 30 март - еден ден пред клучните локални избори, велат изворите.

„Во последен момент, Украина одеднаш се повлече и договорот пропадна“, рече еден од изворите, цитиран од Ројтерс, пренесуваат турски медиуми. Три други извори ја поддржаа таа верзија на настаните. Русија, Украина и Турција одбија да коментираат, објави новинската агенција.

Останува нејасно зошто Украина се повлече од договорот. Изворите на Ројтерс рекоа дека не знаат што ја поттикнало одлуката на Киев.

притисни ентер