Според пишувањата на весникот се уште не е познато дали ова име е прифатливо и за грчката страна.
Според информациите од Грција, Ципрас нема да губи време и уште денес ги започнува консулатциите со тамошните политички лидери за нај новиот предлог за затворање на спорот. И бугарскиот министер за одбрана Каракачанов, кажа дека Илинденска Македонија е решението кое е ставено на маса, но не ја пропушти можноста да каже дека Илиндеското востание било чисто Бугарско.
„Ние немаме претензии кон името Република Македонија, но сме против тоа да се преиначува историјата и да се гонат луѓе со бугарска самосвест во Македонија. Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија, за што вчера разговараа лидерите на Македонија и Грција. Слушнав за Илинденска Македонија, исто така слушнав за Вардарска, Северна. Илинденското востание е бугарско востание, дел од нашата заедничка историја. Важно е овој вештачки спор за името, кој го отежнува членството на Македонија во ЕУ, да заврши. Повеќе луѓе живеат во Бугарија отколку во Македонија, историски сме поврзани, како што се Грција и Кипар и Србија и Црна Гора“ – изјави Стефан Каракачанов, министер за одбрана на Бугарија.
Министерката за надворешни пак Захариева вели дека знае за предлогот и дека тој бил добар.
„Илинденска Македонија на мене ми звучи дека тие препознаваат оти имаме заедничка историја и заедничко минато, бидејќи ова е многу важен дел од бугарската историја и многу важен моментум за нивната историја“ – изјави министерката за надворешни работи Захариева.
Во исчекување на официјална потврда дали ова е конечниот предлог, медиумите во земјава и регионот веќе анализираат, дали ова е или не е изводливо и применливо решение.
Се цитира и изјавата на Заев, кој вчера од Софија, по средбата со Ципрас, кажа дека разгледувале повеќе предлози за решени, но еден бил првично прифатлив за двете страни.