Британската премиерка Меј на средба со претседателот на Собранието Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери, приреди прием во чест на премиерката на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска,  Тереза Меј.

Како што информира прес службата на Собранието, во своето обраќање Џафери подвлече:

„ Чест ми е и огромно задоволство што вечер ја имам таа можност и привилегија да Ве поздравам и да бидам Ваш домаќин во Собранието на Република Македонија.Ова е дом на граѓаните, отворен и достапен за сите добронамерници, и за да постигнеме транспарентно и вистински функционално Собрание, постојано правиме реформи по примерот на земјите во кои парламентарната демократија е одамна воспоставена. Имаме несебична помош од нашите меѓународни пријатели, Проектот Вилтон Парк за градење на ефикасен и независен парламент е реализиран со поддршка на Владата на Обединетото Кралство и Фондацијата Вестминстер и таму, и власта и опозицијата, дадоа свој несебичен придонес. Посветени сме на враќање на вистинската улога на законодавниот дом и се чини дека конечно сме на вистинскиот пат, судејќи по тоа што неодамна добиениот Извештај за напредокот на Република Македонија од Европската комисија беше позитивен и безусловен. Ќе продолжиме на тој пат, за нашите граѓани, нашите деца, идните генерации, Република Македонија и сите кои споделуваме европски вредности и стандарди.

Во своето обраќање премиерката Меј истакна дека е искрено почестена од приемот што претседателот Џафери го организира во нејзина чест и подвлече дека најуспешните парламенти имаат две заеднички работи: првата, дека тоа се места каде граѓаните имаат слободен пристап до своите претставници и знаат каква работа се врши во нивно име; втората е дека Парламентите треба да бидат места каде пратениците се во позиција и се волни да ја предизвикаат Владата и другите јавни институции со прашања за нивните активности и политики. 

,,Знам дека изминатава година оваа зграда посведочи тешки времиња. Но свесна сум и за промените кои се случија оттогаш и за желбата за реформи во насока ова Собрание да ги исполни ваквите стандарди. Горда сум што Обединетото Кралство ги поддржува овие реформи преку нашите програми за финансирање. Кога владее демократијата, придобивките ги чувствуваме сите – посилно Собрание значи посилна Македонија“ – истакна Британската премиерка . 

,,Летав 30 метри” – фудбалер неповреден во падот од надвозникот кај Џенова

Поранешниот голман на Каљари Давиде Капело , раскажува како го преживеал падот од надвозникот . За сега во несреќата загинаа најмалку 35 лица.

Најголем број од загинатите се најдени во нивните автомобили . Спасувачите се уште наоѓаат тела , а од автомобил извлекле и четворица преживеани . Целата област околу надвозникот на автопатот А10  е евакуирана , зашто се стравува дека од силното невреме може да падне уште некој надвозник.

Поранешниот голман на Каљари раскажува како останал живе и без ниедна гребнатина , кога возејќи , се урнал надвозникот.

Капело раскажува дека паднал од 30 метри височина и автомобилот застанал врз урнатините. Нема ниту една гребнатинка и вели дека само чудо го спасило.

Во моментот на несреќата на надвозникот имало 30 до 35 автомобили и три камиони . Акцијата за спасување на луѓето од смачканите возила продолжува.

Десет жени загинаа во пожар во дом за стари лица

Во пожар , во кој целосно изгоре дом за стари лица во Чиле , загинаа најмалку десет жени.

Најмалку десет жртви однесе пожарот во дом за стари лица во градот Санта Марта на југот на Чиле. Пожарот избил рано утрината во домот за стари на 520 километри јужно од главниот град Сантјаго.

Само три жени се спасиле од огнот, во двете соби каде избил пожарот . Во времето на несреќата , во домот имало 42 стари лица. Не се познати причините за избувнување на пожарот.

Во домот била најдена печка на дрва , од каде се претпоставува дека се проширил огнот , иако сведоците тврдат дека имало експлозија што би значело дека имало струен удар .

Почнува постапката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија

Владата ја почнува постапката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Одлуката е донесена на денешната владина седница, а надлежните министерства се задолжени да номинираат членови во Комисијата за спроведување на постапката.

Канцеларијата на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за економија треба да предложат по еден член и заменик-член во Комисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, а во рок од три дена по еден член и негов заменик треба да номминираат и Регулаторната комисија за енергетика и МАНУ.  

Комисијата е должна во рок од 14 дена до Владата да го достави јавниот повик и тендерската документација.

- Заради остварувањето на правото на сите домаќинства и мали потрошувачи да се снабдуваат со електрична енергија со утврден квалитет по разумни, јасно споредливи, транспарентни и недискриминаторни цени, Владата на Република Македонија избира универзален снабдувач кој истовремено ќе ја врши и дејноста снабдување во краен случај. Целта на оваа постапка е остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија, односно да бидат снабдувани од универзалниот снабдувач во согласност со обврските утврдени со Законот за енергетика и правилата за снабдување, појаснуваат од Владата.

Универзалниот снабдувач ќе биде задолжен да ги снабдува по гарантирана цена потрошувачите што нема да излезат на слободниот пазар.

притисни ентер