Маж загина од електрична цигара

Маж загина кога му експлодирала електричната цигара и шрапнелите му го пробиле черепот.

Е- цигарата предизвикала и пожар во куќата на неговите родители,  по што телото на 38 годишниот Талмаџ Д Елиа било 80 проценти со изгореници. Тој бил однесен во болница во тешка состојба по експлозијата на вапоризаторот на цигарата, каде починал.

Пожарникарите за кратко време дошле во куќата каде го нашле Талмаџ во многу тешка состојба. Несреќата се случила на 5 мај , а денешниот извештај од обдукцијата потврдува дека шрапнели од цигарата го погодиле мажот во главата и го пробиле черепот , а потоа неисправниот уред предизвикал пожар. Производител на е-цигарата била компанија од градот Цебо на Филипини.

Само во САД од 2009 до 2016 се случиле 195 слични инциденти со елетрични цигари.

     

Се степаа фудбалерки – четири завршија во болница (ВИДЕО)

Четири фудбалерки се задржани во болница по општата тепачка на натпревар на аргентинската лига меѓу екипите на Университарио и Либертадо.

До тепачка дошло кога фудбалерка на Университарио почнала да се расправа со еден навивач , но вербалниот судир завршил без последици.

Вистински хаос настана кога фудбалерка на Либертадо , роднина на навивачот се нафрлила врз девојката од Университарио , која претходно се расправала со него.

Во жестоката масовна тепачка се повредени четири спортистки , кои се пренесени во болница.

Жени се степаа за селфи пред фонтана во Рим (ВИДЕО)

Средовечна жена и тинејџерка се степаа пред познатата Фонтана ди Треви поради селфи.

Се степаа 19 годишна тинејџерка од Холандија и 44 Италијанка од САД , па мораше да ги раздвои полицијата. Во тепачката се замешале и роднините и пријателите на двете жени , па во кавгата учествувале осум лица.

Сакале и двете да снимат селфи во исто време и од исто место . Не можеле да се договорат , па се степале.

Полицијата накратко ги смирила , по што почнале одново да се караат и тепаат . Морале да дојдат уште две патроли , за да се запре тепачката . Жените се приведени со модрици по целото тело.

На Фонтана ди Треви секој ден се собираат десетици илјади туристи , кои уживаат покрај неа особено на летните горештини.

Го сакаа најубавите жени на светот , а сега срцето му го украде Лејла (ФОТО)

Во петок Шон Пен ќе наполни 58 години . Но тоа не го спречува да биде заљубен на летување на Хаваи .

Двојниот Оскаровец, Шон Пен на плажа е фотографиран во друштво на 26 годишната актерка Лејла Џорџ . Таа е ќерка на познатиот холивудски актер Винсент Д Онофри и прекрасната Грета Скаки .

Мајаката на Лејла, ианку  е една година помлада од Шон , а со таткото на Лејла се врсници.

Двојката е во врска веќе двње години , а сега се одмораат на хавајскиот остров Оаху.

Шон Пен има богата актерска кариера , но и уште поинтересен приватен живот. Беше во врска со најубавите жени ан Холивуд , како и со Мадона. Со неа беше четири години во брак , а со Робин Рајт цели 14 години .

Пред три години ја прекина двегодишната врска со Шарлиз Терон , а пред тоа беше во врска со Скарлет Јохансон . Претходно имаше врска и со пејачката Џеуел. Девојка му била и активистката и супермодел Петра Немцова .

притисни ентер