Атлетико ја зголемува цената на Облак

Раководството на Атлетико Мадрид планира да го задржи Јан Облак, но поради се почестите гласини за негово можно заминување во Премиер лигата, шпанскиот клуб ќе ја зголеми излезната клаузула за словенечкиот голман.

Според договорот, кој важи до 2021 година, Облак би можел да го напушти мадридскиот клуб доколку некој е подготвен за него да плати 100 милиони евра.

- Ќе се обидеме да му ја зголемиме цената, но она што е најважно е да му веруваме. Знаеме дека сака да остане, а тоа е и наша цел, истакна извршниот директор на клубот, Мигел Анхел Марин.

Облак во Атлетико дојде во 2014 година, а синоќа го освои трофејот во Лига Европа без да прими гол во финалето.

- Луѓето мислат и говорат сешто. Имам договор со Атлетико и не знам што ќе се случи во иднина бидејќи нешата не зависат само од мене, наведе голманот.

Атлетико во недела ќе игра против Еибар, а на мадридскиот клуб му е потребен само бода да го обезбеди второто место без разлика на резултатите на останатите натпревари. /МИА

УЕФА ги објави номинациите за гол на сезоната (ВИДЕО)

Од УЕФА денеска ги објавија 11-те номинации за најдобар гол за претходните 12 месеци во турнирите, под покровителство на евроцентралата. Од секој од нив има по еден номиниран предлог. 

За Лигата на шампионите тоа се ножичките на Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид против Јувентус. За Лига Европа тоа е голот на Димитриј Паје за Олимпик Марсеј против РБ Лајпциг, а за европските квалификации за СП 2018 беше номиниран Данецот Кристијан Ериксен за неговиот гол против Ирска. Останатите предлози се од турнири по футсал, женски фудбал и младински првенства.

Во 2015 година и 2016 година Лионел Меси ја зеде наградата, а минатата година таа отиде кај Марио Манџукиќ од Јувентус за голот во финалето на Лигата на Шампионите против Реал Мадрид. 

Навивачите го избираат победникот, а крајниот рок е 27-ми август, кога ќе биде објавен и најдобриот гол.

Фернандо Алонсо става крај на кариерата во Формула 1

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо се повлекува од Формула 1. Шпанецот објави емотивно видео за збогум на својот Твитер профил, а истовремено со тоа Мекларен официјално ја потврдија веста. 

„Мекларен Рејсинг ги потврдува денес информациите дека двократниот светски шампион Фернандо Алонсо нема да се натпреварува во Формула 1 во 2019. Фернандо, кој наполни 37 во јули, се натпреварува во својата 17-та сезона, петта со Мекларен, и освоил 32 победи, 22 пол-позиции и 97 подиуми до денес. Покрај неговите две светски титули, во 2005 тој стана најмладиот светски шампион во историјата на Ф1, а три пати заврши како вице-шампион“, велат од неговиот тим.

Шефот на Мекларен, Зак Браун, изјави дека Фернандо не е само амбасадор на Мекларен, но и на Ф1.

- Неговите 17 години во спортот, како еден од најистакнатите од неговата генерација и без сомнение еден од најголемите во Ф1, додадоа нов слој во богата историја на Формула 1. За секој настапува време да направи промена и Фернандо одлучи неговата да настапи по крајот на сезоната. Ние ја почитуваме неговата одлука, иако тој се наоѓа во најдобрата форма за целата кариера. Отворениот дијалог со Фернандо ни овозможи да се подготвиме за таква опција, вели Браун.

Тој додаде дека Алонсо ќе продолжи да се натпреварува на максимално високо ниво и во преостанатите девет старта до крајот на сезоната.

Четворица фудбалери на Барселона бараат нови тимови

Четворица играчи на Барселона се уште треба да си најдат нови тимови за време на летниот трансфер.

Каталонците се разделија со девет играчи, за кои собраа преку 120 милиони евра, но тимот се уште не е оптимизиран.Се очекува дефанзивецот Марлон и напаѓачот Пако Алкасер да заминат, а Мунир и Рафиња се уште можат да останат, ако нема доволно добри предлози.

Има голема неизвесност за голманот Јаспер Силесен, но неговата цена изнесува околу 30 милиони евра и досега никој не сака да ги плати, иако има барања за играчот.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валерде откри дека имал разговори со  Силесен за неговата иднина во клубот и силно се надева дека Холанѓанецот ќе остане на „Ноу Камп“.Неговиот договор со тимот е до 2021 година, но во последно време има шпекулации дека тој може да ја смени клупската припадност, бидејќи сака да игра почесто, а во моментот тоа не е можно во тимот на каталонците.

- Точно е дека разговарав со Јаспер, но не можам да кажам точно што си рековме јавно. Овие нешта остануваат меѓу нас, во кујната на тимот, објави Валверде, цитиран од медиумите во татковината Шпанија.

Тој додаде дека тимот има потреба од двајца квалитетни голмани и во моментов ги има, а Силесен е еден од нив. 

- Силно се надевам дека тој ќе остане кај нас и да биде дел од овој клуб и за во иднина. Сметаме многу на него и го цениме исклучително многу, како што постојано сум кажувал, додаде тренерот на шпанскиот шампион.

притисни ентер