Костадиновска-Стојчевска: Младите се нашата иднина, 5000 денари младински додаток

Коносителната на листата за пратеници на СДСМ во петтата изборна единица изјави дека програмата на СДСМ има реален план за побрзо да им ја донесеме на младите Европа дома. 

,,Одлучни сме да продолжиме да создадеме посолидарно, еднакво и посигурно општество за младите. Нудиме: Европска детска гаранција, за 35 илјади млади учество во програмата Гаранција за млади, зголемување на износот на младинскиот додаток од 3.000 на 5.000 денари месечно, наброи Костадиновска-Стојчевска дел од мерките за млади кои СДСМ ги воведува во следниот мандат.

Таа нагласи дека младите остануваат во фокусот на социјалните политики, а доказ за тоа е планот за домување за млади до 29 години и за првпат воведувањето на софтвер за младинска работа.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на Костадиновска-Стојчевска:

,,Одлучни сме да продолжиме да создадеме посолидарно, еднакво и посигурно општество за младите. Нудиме: Европска детска гаранција! За 35 илјади млади учество во програмата Гаранција за млади! Зголемување на износот на младинскиот додаток од 3.000 на 5.000 денари месечно. Достапно, пристапно и квалитетно образование. Студенски ваучери за сместување. Младинско учество во сите области! План за домување за млади до 29 години. Младински центри во секоја општина! И за првпат воведуваме софтвер за младинска работа. Младите се нашата иднина и затоа ги направивме рамноправни во одлучувањето. А во следниот формираме институционален партнер на младите, Министерство за млади. Младите остануваат во нашиот фокус. Спроведуваме младински наставни програми на Европската Унија кои поттикнуваат финансиска независност, креативност и иновативност. Имаме реален план за побрзо да им ја донесеме Европа дома. Младите заслужуваат европска иднина и европски плати во нашата држава. Младите заслужуваат да бидат жители на Европа. Наша обврска е да им обезбедиме иднина каква што сакаат и заслужуваат. Нема откажување од иднината.”


„Македонија одлучува“ – отворено студио на Канал 5

Во отвореното студио на Канал 5 , гости на Александар Видиновски се Драган Павловиќ Латас и Љупчо Зиков.

Павловиќ- Латас во гостувањето рече дека разликата меѓу двајцата први кандидати ќе биде меѓу 80 и 100.000 гласа, според информации што ги имал од голем аналитички центар.

Зиков рече дека големата излезност е пред сѐ поради големиот број на кандидатите, а како императивот личат на парламентарни на прашањето дали тоа значи дека има опозициско расположение.

Џафери: Гласот на граѓаните ќе го потврди европскиот пат на државата

Претседателот на Владата, Талат Џафери, утрово во родното Форино го оствари своето гласачко право на денешните претседателски избори.

Во изјавата дадена за медиумите по гласањето, премиерот Џафери посака мирен изборен ден во кој граѓаните ќе ја искажат својата сопствена волја, а должност на државните институции е тоа да го овозможат.

Премиерот порача дека, овие избори се од голема важност бидејќи од нив зависи во кој правец ќе се движи државата.

„Во овие три децении од самостојноста на државата, основна определба е дека земјата и граѓаните претендираат членство во ЕУ и ние сме должни тоа да го обезбедиме. Секако, граѓаните преку својата волја, со гласање тоа ќе го потврдат. Имајќи ги предвид глобалните состојби, но и состојбите во регионот, сметам дека мнозинството граѓани тоа ќе го искажат и низ процесот на гласање", изјави претседателот на Владата, Џафери, соопштуваат од Владата.

притисни ентер