Транспалнатација на матични клетки ќе се изведува на хематологија

Tерапискитe процедури за несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки ќе се извршува на клиниката за хематологија. 

 Пациентите со малигни заболувања на крвта,  кои треба да имаат трансплантација од несроден донор на матични клетки, повеќе нема да одат на лекување надвор.

Интервенцијата ќе добијат на Клиниката за хематологија во Скопје.

Минатата година 25 болни со малигни заболувања се лекувале со несродна трансплантација во Германија, Турција и други европски земји. 

Финансиските средства за лекување со несродна трансплантација во странство изнесуваа просечно 90.000 евра до 150.000 евра по пациент во зависност од примарната дијагноза и компликациите по интервенцијата.

Фото: Апокалиптични сцени на Хаваи

Нова ерупција на вулканот Калиеуа на Хаваи.

 Вулканот со недели  еруптира и ги вознемирува жителите на егзотичниот остров.

Вулканската лава досега уништи на десетици куќи.

По новата ерупција на вулканот од Хаваи пристигнуваат апокалиптични фотографии снимени од воздух.

Мараја Кери ослабела 20 кг.

Врската со помладото момче ја врати во форма.

Светската музичка ѕвезда 48 годишната Мараја Кери ослабела цели 20 килограми, откако е во врска со 13 години помладиот пејач Брајан Танака.

Медиумите шпекулираат дека на вежбање, посебен начин на исхрана покрај љубовта кон Брајан ја мотивирала и нејзината најголема конкурентка во шоу бизнисот „жешката“ латиноамериканка Џенифер Лопез.

Популарната пејачка и самата била свесна дека претерала со килограмите и дека е време нешто да стори на тој план.

Светските медиуми дури шпекулираат дека поп дивата направила хируршка интервенција, односно дека со операција и е намален желудецот.  

Четиригодишно дете си го уби братчето, мислело дека пиштолот е играчка

Четиригодишно дете во Вирџинија случајно си го убило своето две години помладо братче. Пукал во него со пиштол кој мислел дека е играчка, наведува американската полиција.

Тајлер Апонте не дишел кога бил пронајден во својот дом во округот Луиз во Вирџинија со рана од куршум во градите, пренесе „Индепендент“.

Итната помош се обидела да го реанимира двегодишното дете , го однесла во болница но докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат малото дете.

Во времето кога се случила оваа трагедија мајката на двете деца била во куќата. Полицијата сега  води истрага за целиот случај.

притисни ентер