Фото: Уникатен подарок за венчавката на годината

Мини произведе уникатен „Мини купер С“ само за принцот Хари и Меган.

Иако не привлекува такво внимание како венчавката на неговиот брат Принцот Вилијам и војвотката од кембриџ Кејт Мидлтон, склопувањето на брак на британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл е прогласена за светска венчавка на годината.

По тој повод автомобилската компанија Мини  одлучила со уникатен подарок  модел на „Мини купер С“ да ги израдува младенците.

Под името „ Royal Wedding Edition", стигнува автомобил со кристално бела боја и уникатна шара, која претставува интересна комбинација на британското и американското знаме.

Хари и Меган воопшто нема да го возат овој уникатен автомобил, поради тоа што тој веднаш по венчавката на 19 мај  ќе биде продаден на аукција, а добиените средства ќе бидат уплатени во хуманитарни цели.

Фото: Апокалиптични сцени на Хаваи

Нова ерупција на вулканот Калиеуа на Хаваи.

 Вулканот со недели  еруптира и ги вознемирува жителите на егзотичниот остров.

Вулканската лава досега уништи на десетици куќи.

По новата ерупција на вулканот од Хаваи пристигнуваат апокалиптични фотографии снимени од воздух.

Мараја Кери ослабела 20 кг.

Врската со помладото момче ја врати во форма.

Светската музичка ѕвезда 48 годишната Мараја Кери ослабела цели 20 килограми, откако е во врска со 13 години помладиот пејач Брајан Танака.

Медиумите шпекулираат дека на вежбање, посебен начин на исхрана покрај љубовта кон Брајан ја мотивирала и нејзината најголема конкурентка во шоу бизнисот „жешката“ латиноамериканка Џенифер Лопез.

Популарната пејачка и самата била свесна дека претерала со килограмите и дека е време нешто да стори на тој план.

Светските медиуми дури шпекулираат дека поп дивата направила хируршка интервенција, односно дека со операција и е намален желудецот.  

Четиригодишно дете си го уби братчето, мислело дека пиштолот е играчка

Четиригодишно дете во Вирџинија случајно си го убило своето две години помладо братче. Пукал во него со пиштол кој мислел дека е играчка, наведува американската полиција.

Тајлер Апонте не дишел кога бил пронајден во својот дом во округот Луиз во Вирџинија со рана од куршум во градите, пренесе „Индепендент“.

Итната помош се обидела да го реанимира двегодишното дете , го однесла во болница но докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат малото дете.

Во времето кога се случила оваа трагедија мајката на двете деца била во куќата. Полицијата сега  води истрага за целиот случај.

притисни ентер