Заев : Поддршката од ПЕС е од исклучително значење

Претседателот на Владата и Претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев денеска учествуваше во работата на состанокот на лидери на партии и шефови на влади на Партијата на европските социјалисти ,што се одржа во Софија.

На Самитот на ПЕС, на кој учествуваа и премиерот на Грција и Претседател на Сириза Алексис Ципрас, премиерот на Португалија и Претседател на Социјалистичката партија на оваа земја Антонио Коста, Удо Булман, пратеникот во Европскиот Парламент од редовите на Социјалдемократската партија на СР Германија, Џозеф Мускат, Претседател на Лабуристичката партија и премиер на Малта, и Корнелија Нинова, Претседател на Социјалистичката партија, Претседателот на ПЕС и поранешен премиер Сергеј Станишев,  посебно го поздрави присуството на премиерите на Република Македонија и на Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Премиерот Заев, кој беше поканет прв да зборува на Самитот на ПЕС, изрази благодарност за поддршката што доаѓа од лево ориентираните партии членки на ПЕС за Република Македонија, особено во делот на ЕУ и НАТО интеграциите, се наведува во соопштението на СДСМ.

На состанокот едногласно беше потврдено дека Република Македонија има силна поддршка од сите партии членки на ПЕС. Тие ветија внимание и ангажман за да се унапредат перспективите на Република Македонија.

Партиите членки на ПЕС кои имаат свои претставници во највисоките институции на ЕУ ќе му предложат на Европскиот Совет на ЕУ во јуни да определи датум за старт на преговори со Република Македонија.

Романската премиерка ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка Виорика Данчила денеска во Европскиот парламент ги претстави приоритетите на Романија во претседавањето со ЕУ.

На излагањето на премиерката Данчила возвратија европарламентарците со критики кон Романија , особено во делот на правосудството.

Букурешт го презема водството со Унијата во многу важен период , кога се случува Брегзит , се носи нов буџет, избори во Европскиот Парламент , како и самит во романскиот град Сибио , каде сите земји членки на ЕУ ќе треба да ги дефинираат идните насоки на Унијата.

,,Првата етапа ќе биде интензивна и затоа сметам на вашата помош за да се усвојат што повеќе мерки и да се одговори на рпедизвиците.” , рече Данчила во обраќањето.

„Само Вистина“ - интервју со Стојан Андов

Вечерва гостин во „Само вистина“ беше Стојан Андов.

Во прва фаза Претседателот може да го врати законот, во втора е должен да каже што да се промени и со просто мнозинство да се усвои промената а потоа и да го потпише. Законодавната власт е над Претседателот. Противуставен потег прави Иванов, а не Џафери.

Ако не се обезбеди цензусот. Може изборот за Претседател на државата да сепренесе во Собранието.

Во книгата „На мој начин“ има докази кои што упатуваат на моите тврдења, за независноста, Лисабонскиот договр, за смртните закани по животот на Глигоров, за грчкото ембарго...

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

Курц : Жал ми е,ама ќе нема нови преговори за Брегзит

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, веднаш по неизгласувањето на договорот за Брегзит во британскиот Парламент се огласи на Твитер.

Канцеларот Себастијан Курц на Твитер порача дека ќе нема нови преговори на Европската Унија со Британија за постигнување нов договор.

,,Жал ми е поради исходот на гласањето за Брегзит во британскиот долен дом на Парламентот. Во секој случај , ќе нема нови преговори за нов договор за повлекување.” , напиша Курц на Твитер.

притисни ентер