Ѓоковиќ продолжува со добрите игри во Рим

 Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на „Мастерс“ турнирот во Рим.

Најдобриот српски тенисер беше подобар од Николас Басилашвили во вториот круг на турнирот во „вечниот град“, откако победи во два сета - 6:4 и 6:2.

Имаше голема борба меѓу двајца тенисери во првиот сет, но одлуката падна во финишот, кога Новак со два брејка дојде до 6:4 и предност во дуелот.

Во истиот ритам, Србинот продолжи и во вториот дел од натпреварот, кога врза три гема, поведе со 3:0 и практично го решил прашањето за победникот.

Во осминафиналето, ривал на Ѓоковиќ ќе биде Алберто Рамос, кој во вториот круг го елиминира осмиот носител Џон Иснер. /МИА

Серена во провокативно издание ја подели јавноста (ФОТО)

Тенисерката Серена Вилијамс освен што повторно заигра на најсилните турнири ,повторно  шокира со изгледот .

Американската тенисерка Серена Вилијамс (37) на Аустралиан Опен ја победи Германката Татјана Марија(31) , но се најде во центарот на вниманието по провокативниот изглед .

Таа за време на натпреварот носеше мрежасти црни чорапи , кои никако не спаѓаат во тениски дрес , а целиот изглед го надополни во зелено трико од ликра.

Јавноста на социјалните мрежи различно рњеагираше на ваквиот стајлинг на Серена , но поголем е бројот кои ја пофалија на свежиот изглед и новата мода на тениските терени.

Ова не е прв пат Серена да се појави во невообичаен дрес за време на натпреварите. Минатата година го налути претседателот на Францускиот тениски сојуз , Бернар Гудичели , кога на Ролан Гарос се појави во облека што наликуваше на ликот од филмот ,,Жена – мачка” Тогаш Гудичели изјави дека веќе нема да толерира несоодветна облека на теренот.

Голманската легенда заминува во пензија со тенковска капа

,,Ова е мојата 20 сезона како професионален играч и мислам дека е вистинско време да објавам дека на крајот на сезоната заминувам во пензија.”

,,Да се игра 15 години во Премиершип и да се освои баш секој трофеј – чувствувам дека сум остварил се што можеше да се оствари. Ќе продолжам и натаму напорно да работам во Арсенал и ќе се обидам да освоиме барем уште еден трофеј оваа сезона. Со нетрпение очекувам да видам што ми носи животот надвор од терените. “ ова го напиша 36 годишниот чешки голман Петр Чех од Арсенал.

Еден од најдобрите голмени на светот последниве 15 – тина години , завршува со професионалната кариера. Освен бројните клубски трофеи , познатиот голман четири пати ја освојуваше Златната ракавица, најголемото признание за голмани во Премиершип , а тој заминува од теренот со познатата капа за тенкисти.

Капата е негов заштитен знак , а ја носи по повредата на черепот во 2006 кога на натпреварот против Рединг на него лошо налета Хант.

И покрај напукнатиот череп , се врати на теренот и не престана да ги одушевува навивачите на Арсенал.

Ѓоковиќ лесно во 2 коло на Австралија опен!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по малку потежок тренинг се пласираше во 2 коло на премиерниот Грен слем во 2019, Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

Ѓоковиќ во првото коло со максимални 3-0 по сетови 6:3, 6:2, 6:3 го совлада Американецот Мичел Кругер.

Лидерот во светскиот тенис во второто кола на грен слемот во Мелбурн ќе се сретне со искусниот Французин Жо Вилфред Цонга, кој во стартното коло беше подобар од Словакот Мартин Клижан со 6-4, 6-4 и 7-6.

притисни ентер