Димитров: Очекуваме датум за преговори со ЕУ

Евроинтеграцијата е најдобриот инструмент што го има ЕУ за да им помогне на оние кои сакаат да се променат и да направат реформи.

Евроинтеграцијата е најдобриот инструмент што го има ЕУ за да им помогне на оние кои сакаат да се променат и да направат реформи, истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на конференцијата за перспективите на Западен Балкан за вклучување во ЕУ, што се одржа денеска во Софија.

Димитров рече дека по позитивниот извештај од ЕК и препораката за преговори, Македонија со право очекува да добие датум за нивно започнување.

- Мислам дека европерспективата не треба остане само зборови, туку да се преточи во конкретни чекори. Ќе биде вистинска трагедија ако на Македонија не ѝ се дозволи да ги започне преговорите за пристапување кон ЕУ. Во последните години научивме многу лекции. Се променивме, имаме силна општествена свест. Единствениот начин на кој можеме да напредуваме е да се соочиме со реалноста, да ги поправиме грешките, рече Димитров.

Тој процес, според Димитров, не е лесен, но е неопходен.

– Но, чудата се можни, ние создаваме чуда во денешно време. Го гледаме европскиот воз и сакаме да го фатиме, рече шефот на македонската дипломатија.

Романската премиерка ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка Виорика Данчила денеска во Европскиот парламент ги претстави приоритетите на Романија во претседавањето со ЕУ.

На излагањето на премиерката Данчила возвратија европарламентарците со критики кон Романија , особено во делот на правосудството.

Букурешт го презема водството со Унијата во многу важен период , кога се случува Брегзит , се носи нов буџет, избори во Европскиот Парламент , како и самит во романскиот град Сибио , каде сите земји членки на ЕУ ќе треба да ги дефинираат идните насоки на Унијата.

,,Првата етапа ќе биде интензивна и затоа сметам на вашата помош за да се усвојат што повеќе мерки и да се одговори на рпедизвиците.” , рече Данчила во обраќањето.

„Само Вистина“ - интервју со Стојан Андов

Вечерва гостин во „Само вистина“ беше Стојан Андов.

Во прва фаза Претседателот може да го врати законот, во втора е должен да каже што да се промени и со просто мнозинство да се усвои промената а потоа и да го потпише. Законодавната власт е над Претседателот. Противуставен потег прави Иванов, а не Џафери.

Ако не се обезбеди цензусот. Може изборот за Претседател на државата да сепренесе во Собранието.

Во книгата „На мој начин“ има докази кои што упатуваат на моите тврдења, за независноста, Лисабонскиот договр, за смртните закани по животот на Глигоров, за грчкото ембарго...

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

Курц : Жал ми е,ама ќе нема нови преговори за Брегзит

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, веднаш по неизгласувањето на договорот за Брегзит во британскиот Парламент се огласи на Твитер.

Канцеларот Себастијан Курц на Твитер порача дека ќе нема нови преговори на Европската Унија со Британија за постигнување нов договор.

,,Жал ми е поради исходот на гласањето за Брегзит во британскиот долен дом на Парламентот. Во секој случај , ќе нема нови преговори за нов договор за повлекување.” , напиша Курц на Твитер.

притисни ентер