Најконтроверзното семејство: Холивудскиот суперстар за прв пат го покажа синот

Холивудскиот актерски пар Џон Траволта и Кели Престон го промовираа новиот филм „Готи“, но што е уште поважно, на црвениот тепих во Кан, ги претставија своите деца.

Ќерката Ела Блу пораснала и станала вистинска девојка, додека јавноста за прв пат го виде нивниот син Бенџамин, девет години после големата трагедија.

Имено, брачниот пар пред девет години го изгуби синот Џет.

Тогаш се појавија информациите дека тој умрел бидејќи родителите како дел од Скентелогијата одбивале медицинска помош за детето, а релативно брзо, три години подоцна парот го доби синот Бенџамин.

Актерката го роди многу доцна, во 49 година и тогаш изјави дека тој е благослов за целото семејство.

Сега, седум години подоцна, нивниот син за прв пат се појави пред камерите на фото-репортерите.

„Тој е лепак која го спои и повторно го состави ова семејство“ – изјави контроверзниот актер, кој освен што во медиумите се спомнува како член на Скентолошката црква, често се поврзува и со љубовни афери со мажи.

Иако со години нивниот брак е на стаклени нозе, тие двајца сепак одолеваат на шпекулациите и понатаму живеат заедно со своите деца.

Фото: Апокалиптични сцени на Хаваи

Нова ерупција на вулканот Калиеуа на Хаваи.

 Вулканот со недели  еруптира и ги вознемирува жителите на егзотичниот остров.

Вулканската лава досега уништи на десетици куќи.

По новата ерупција на вулканот од Хаваи пристигнуваат апокалиптични фотографии снимени од воздух.

Мараја Кери ослабела 20 кг.

Врската со помладото момче ја врати во форма.

Светската музичка ѕвезда 48 годишната Мараја Кери ослабела цели 20 килограми, откако е во врска со 13 години помладиот пејач Брајан Танака.

Медиумите шпекулираат дека на вежбање, посебен начин на исхрана покрај љубовта кон Брајан ја мотивирала и нејзината најголема конкурентка во шоу бизнисот „жешката“ латиноамериканка Џенифер Лопез.

Популарната пејачка и самата била свесна дека претерала со килограмите и дека е време нешто да стори на тој план.

Светските медиуми дури шпекулираат дека поп дивата направила хируршка интервенција, односно дека со операција и е намален желудецот.  

Четиригодишно дете си го уби братчето, мислело дека пиштолот е играчка

Четиригодишно дете во Вирџинија случајно си го убило своето две години помладо братче. Пукал во него со пиштол кој мислел дека е играчка, наведува американската полиција.

Тајлер Апонте не дишел кога бил пронајден во својот дом во округот Луиз во Вирџинија со рана од куршум во градите, пренесе „Индепендент“.

Итната помош се обидела да го реанимира двегодишното дете , го однесла во болница но докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат малото дете.

Во времето кога се случила оваа трагедија мајката на двете деца била во куќата. Полицијата сега  води истрага за целиот случај.

притисни ентер