Скриените страници на дневникот на Ана Франк кријат “непристојни“ детали

Користејќи ја техниката на дигитална обработка на фотографии, научниците успеале да прочитаат две страници од познатиот воен дневник на Ана Франк, кои девојчето ги прекрила со кафена заштитна хартија.

На тие страници откриле непристојни шеги и објаснување за сексот и проституцијата.

Фондацијата Ана Франк, која го објавила откритието, навела дека тоа ќе помогне да се објасни нејзината заинтересираност за сексуалноста.

Директорот на музејот Ана Франк, Роналд Леопол изјавил дека таа “како и секој адолесцент била љубопитна во врска со таа тема“ и додал дека и на други места во дневникот пишувала за тоа.

Ана Франк дневникот го пишувала додека со семејството повеќе од две години се криела од нацистите, во тајна просторија во куќа во Амстердам.

Кога се откриени и уапсени испратени се во концентрационен логор, а Ана и нејзината сестра починале во логорот Берген Белзен.

Се степаа фудбалерки – четири завршија во болница (ВИДЕО)

Четири фудбалерки се задржани во болница по општата тепачка на натпревар на аргентинската лига меѓу екипите на Университарио и Либертадо.

До тепачка дошло кога фудбалерка на Университарио почнала да се расправа со еден навивач , но вербалниот судир завршил без последици.

Вистински хаос настана кога фудбалерка на Либертадо , роднина на навивачот се нафрлила врз девојката од Университарио , која претходно се расправала со него.

Во жестоката масовна тепачка се повредени четири спортистки , кои се пренесени во болница.

Жени се степаа за селфи пред фонтана во Рим (ВИДЕО)

Средовечна жена и тинејџерка се степаа пред познатата Фонтана ди Треви поради селфи.

Се степаа 19 годишна тинејџерка од Холандија и 44 Италијанка од САД , па мораше да ги раздвои полицијата. Во тепачката се замешале и роднините и пријателите на двете жени , па во кавгата учествувале осум лица.

Сакале и двете да снимат селфи во исто време и од исто место . Не можеле да се договорат , па се степале.

Полицијата накратко ги смирила , по што почнале одново да се караат и тепаат . Морале да дојдат уште две патроли , за да се запре тепачката . Жените се приведени со модрици по целото тело.

На Фонтана ди Треви секој ден се собираат десетици илјади туристи , кои уживаат покрај неа особено на летните горештини.

Го сакаа најубавите жени на светот , а сега срцето му го украде Лејла (ФОТО)

Во петок Шон Пен ќе наполни 58 години . Но тоа не го спречува да биде заљубен на летување на Хаваи .

Двојниот Оскаровец, Шон Пен на плажа е фотографиран во друштво на 26 годишната актерка Лејла Џорџ . Таа е ќерка на познатиот холивудски актер Винсент Д Онофри и прекрасната Грета Скаки .

Мајаката на Лејла, ианку  е една година помлада од Шон , а со таткото на Лејла се врсници.

Двојката е во врска веќе двње години , а сега се одмораат на хавајскиот остров Оаху.

Шон Пен има богата актерска кариера , но и уште поинтересен приватен живот. Беше во врска со најубавите жени ан Холивуд , како и со Мадона. Со неа беше четири години во брак , а со Робин Рајт цели 14 години .

Пред три години ја прекина двегодишната врска со Шарлиз Терон , а пред тоа беше во врска со Скарлет Јохансон . Претходно имаше врска и со пејачката Џеуел. Девојка му била и активистката и супермодел Петра Немцова .

притисни ентер