Алаѓозовски: Кој и да биде министер, реформската агенда на Министерството ќе продолжи

Без разлика кој и да биде следен министер, тоа ќе бидат политики на континуитет, постои реформска агенда на Владата.

Без разлика кој и да биде следен министер, тоа ќе бидат политики на континуитет, постои реформска агенда на Владата, која е донесена консензуално, националната стратегија е донесена со учество на целата културна фела, независниот сектор, институционалниот сектор, така што ние нема да дозволиме периодот кој што претстои да значи упорување или отстапување од реформите, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски, при посетата на Спомен Костурницата во Куманово, одговарајќи на новинарски прашања во врска со најавите за негова смена од министерското место.

Според него, овие наредени неколку месеци се многу важни за Министерството за култура и за сите процеси кои што се таму и ние, вели, веруваме дека со било која гарнитура во министертвото тие процеси ќе продолжат, 

- Јас продолжувам со мојата агенда, јас сум министер за култура додека Собранието не изгласа поинаку. Се разбира дека премиерот е тој што ги предлага и разрешува членовите на Владата, рече Алаѓозовски.

Што се однесува до Годишната програма за установите и институциите од Куманово, конкретно за театарот, министерот Алаѓозовски рече дека не се согласува со констатацијата дека се доделени малку средства за кумановскиот театар.

- Комисијата многу внимателно ја носеше таа одлука и нејзината одлука беше поткрепена на кондицијата на самата куќа, капацитети, на можностите, состојбите, за што се разбира дека членовите на комисијата, кои беа врвни познавачи на театарот и театарските услови ја донесоа одлуката, изјави Алаѓозовски.

Тој истакна дека Куманово не е заборавено, и дека во иднина ќе продолжат со континуитет културни политики.

- Смената на министерското место не значи ништо, ниту напред ниту назад во однос тие политики. Цврство опстојуваме да ги реализираме сите планови, а тука на Куманово му должиме, но Куманово во претстојниот 500-годишен јубилеј посебно ќе биде поддржан во Буџетот за 2019 година, со цел што подостојно и повеличенствено да направи исчекор, имајќи предвид дека станува збор за значаен јубилеј за одбележување на своето постоење, изјави Алаѓозовски, на новинарски прашања.

Мексико ги отвори границите за жените и децата – мигранти (ВИДЕО)

Илјадници мигранти од Хондурас и Гватемала се заглавени на јужната Мексиканска граница , каде полицијата ги спречуваше да влезат со солзавец.

Мексиканскиот амбасадор во Гватемала , Луис Мануел Лопез изјави дека мигрантите, жени и деца ,  биле регистрирани и ќе бидат пренесени во прифатни центри во централниот дел на земјата , во Тапачули.

Претседателот на САД , Доналд Трамп им се закани на мексиканските власти дека ќеја затвори границата , доколку земјата не се справи со илјадниците учесници во мигрантскиот марш од неколку земји од Јужна Америка.

Некои од мигрантите, со часови заглавени на мост меѓу Гватемала и Мексико скокаа , од мостот висок неколку десетици емтри во реката , за да допливаат во Мексико.

Таму се надеваат да добијат статус азил , по што можат да се пријават за бегалски статус во САД.

На протестот во Лондон против Брегзит 700 илјади, на контрапротестот 1200 (ВИДЕО)

Организаторите на протестот против излегувањето на Британија од ЕУ , соопштија дека во Лондон се собрале 700 000 демонстранти. На контрапротестот во Јоркшир , каде протестираа еуроскептиците , имаше 1 200 лица.

Маршот под иницијатива People's Vote го предводеа млади луѓе , кои немале можност да гласаат во 2016 , кога Британија на референдум се изјасни дека сака да излезе од Европската Унија. Пратениците од поголемите партии го подрржаа барањето на Британците за нов референдум , кој веќе е отфрлен од премиерката Тереза Меј.

Маршот се одржа во исто време со демонстрациите во Јоркшир , каде се изрази поддршка на излезот на Британија од ЕУ . Собиропт се одржа од иницијативата Leave means leave, која сака што побргу земјата да излезе од унијата.

На референдумит , 51, 8 проценти од Британците сакаа да излезат од ЕУ . Денеска овој процент е во корист на оние кои сакаат да останат. За излез од ЕУ и реферндумскиот резултат пресудни беа гласовите на Англија и на Велс. Т

огаш Шкотска со 62 проценти беше против излезот на земјата од Унијата , како и Северна Ирска , каде 55,8 проценти беа против Брегзитот.

Младите Британци денеска побараа нов реферндум , свесни дека ќе немаат можност за градење кариера , доколку Британија се одвои од ЕУ.

Поради сообраќајка затворен патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир

Магистралниот пат Крива Паланка – граничен премин Деве Баир е затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа меѓу две возила која се случила во местото викано Самоков, информираат од полицијата.

Од полицијата информираат дека досега нема пријавено повредени лица во сообраќајната несреќа.

Во тек е увид на сообраќајната полиција. Сообраќајот е затворен од 19.45 часот. 

притисни ентер