Заев: Земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето посилна ЕУ

Сега е време да се препознае моментот земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето на посилна ЕУ, порача премиерот Зоран Заев денеска од Софија.

Сега е време да се препознае моментот земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето на посилна ЕУ, порача премиерот Зоран Заев денеска од Софија каде што учествуваше на меѓународната конференција „Демократија што испорачува: Откочување на потенцијалите на Западен Балкан десет години подоцна“.

На конференцијата, на која Заев беше поканет од фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организациите Центар за студии по демократија и Европски фонд за Балканот, потсети дека граѓаните во Македонија срушиле авторитарен режим со пенкало на избори и со решителна волја за враќање на демократијата.

- Успеавме да го направиме она што честопати се стремат да го направат многу земји ширум светот, но ретко успева, нагласи премиерот Заев, додавајќи дека надминувањето на кризата било само половина од приказната.

Тој додаде дека е создаден систем на добро владеење којшто се заснова на четири столба, а се осврна и на доброседските односи со државите од регионот.

- Донесовме нов дух во односите со соседите. Отворивме дијалог за решавање на проблемите. Градиме мостови за соработка врз основа на взаемна доверба и почит, и постојано инсистираме да се оствари победа-победа за сите билатерални прашања, нагласи Заев, додавајќи дека во тој дух се остваруваат и разговорите со Грција околу спорот со името и дека се во многу напредна фаза.

Заев го афирмираше ставот дека Македонија нема алтернатива за полноправното членство во ЕУ и НАТО и оти амбицијата на државата е покана за влез во НАТО и започнување на преговори за пристап со ЕУ во 2018 година.

Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер