ТВ дуел Заев-Мицкоски е можен во секое време, останува да се прецизира времето и локацијата

Премиерот Зоран Заев е подготвен во секое време и на која било национална телевизија да дебатира на сите теми од интерес за јавноста на евентуален лидерски дуел.

Kој апсолутно ќе се случи, а останува само да се прецизира времето и локацијата, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски, по вчерашното барање од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицковски за ТВ дуел со премиерот.

- Основен принцип на  работата на премиерот Заев е отвореноста и така функционира и Владата. Наназад со години бараме дуел, секогаш сме биле подготвени,  комуницираме двонасочно и како Влада секогаш сме отворени за дуели, дебати, новинарски прашања на прес-конференции, рече денеска Бошњаковски.

Како што напомена, последниот премиерски дуел во државава беше во 1998 година, односно пред цели 20 години.

На редовната прес-конференција Бошњаковски наведе и дека можеби ВМРО-ДПМНЕ се во право оти не е точна бројката за советници на поранешниот премиер Никола Груевски што ја објави вчера Владата, затоа што, како што вели, таа ќе биде многу поголема откако ќе се најдат и обработат податоците за периодот од 2006 до 2010 година.

- Опозицијата излезе со информација вчера дека бројката од 91 можеби и не е точна. Можно е да се во право бидејќи  податоците од 2006 до 2010 година не се обработени, така што сигурно бројката ќе биде многу поголема од 91 советник. Во моментот, со бројот на советници на Никола Груевски од 2010 до 2016, сумата е тројно поголема од советниците на актуелнииот премиер Зоран Заев, што значи  во моментот кога ќе ги најдеме, а ќе ги најдеме документите од 2006  до 2010 година, оваа сума сигурно  ќе биде повеќе од тројно поголема, рече Бошњаковски.

Владината прес-служба вчера објави дека за 91 советник и надворешни соработници на поранешниот претседател на Владата Груевски годишно биле издвојувани 1,73 милиони евра.

Една недела жалост поради смртта на Анан

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации , Кофи Анан.

,, Тој во исклулителна мерка со својата положба , слава и однос во светот, придонесе за угледот на нашата земја.” , с енаведува во соопштението од претседателскиот кабинет. Знамињата ќе бидат на половина копје во целата држава.

Анан беше на чело на  Обединетите нации од 1997 до 2006 година , а за хуманитарната работа , заедно со ОН е добитник на Нобеловата награда во 2001.

Лидерите од целиот свет до семејството на Анан и до Обединетите нации упатија пораки со сочуство . 

Повредени полицајци во насилниот неонацистички марш во Берлин

Околу 500 неонацисти маршираа денеска по улиците на Берлин , на годишнината од смртта на нацистот Рудолф Хес.

Најмалку еден полицаец е повреден кога околу 500 активисти со извиците ,,Надвор нацисти !” се судрија со ист толкав број неонацисти , кои ја одбележуваа годишнината на нацистичкиот офицер и помошник на Хитлер.

Радикалните десничари , облечени во црвено и бело , носеа нацистички знамиња со кукаст крст.

Тие носеа трснспаренти со напис,, Не жалам за ништо”. Активистите ги гаѓале со шишиња и камења неонацистите , по што настанал хаос и морале да реагираат над 2400 полицајци.

Средба Меркел – Путин : Енергетиката е клучна за соработката на двете земји

Русија му дава големо значење на взаемно корисната соработка со Германија во областа на енергетиката , изјави претседателот Владимир Путин пред средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

Рускиот претседател Владимир Путин ја даде изјавата во замокот Мезенберг ,  резиденцијална палата на германската Влада , каде ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.

Двајцата лидери разговараат во опуштена атмосфера на 70 километри од Берлин за тешки прашања. Русија е подготвена да соработува за решавање на проблемот со Украина рече Путин пред почетокот на средбата на која ќе се разговара и за состојбата во Сирија , како и за енергетиката и санкциите на земјите од ЕУ кон Русија.

притисни ентер