Отворен нов објект за згрижување на деца во Куманово

 Шеесетина деца од предучилишна возраст од Куманово ќе бидат згрижени во новиот објект „Детелинка“ на детската градинка „Ангел Шајче“, што денеска свечено беше пуштен во употреба.

Објектот се наоѓа во поранешниот „Пионерски дом“ Куманово и е од цврста градба со површина од 347,47 метри кавдратни, а Министерството за труд и социјална политика за негова реконструкција одвои околу пет милиони денари. Министерката за труд и социјална полтитика Мила Царовска на денешното отварање посочи дека ова е ивестиција во иднината, во најмалдите, им се обезбедува подобар старт на децата во образованието и понатамошен развој на државата. Таа нагласи дека целта на Владата е да се зголеми за 50 проценти опфатот на децата во предучилишно образование, посочувајќи дека постојано се вложува во објекти.

- Од 2019 година заедно со Светската банка и Владата стартуваме програма за унапредување на квалитетот на предучилшното образование, бидејќи тоа треба да е прилагодено на новите општествени текови кои се случуваат и да ги подготвиме децата пред да тргнат на училиште да имаат основни знаења и предзнања не само формални како букви и бројки туку за нивното современо живеење и вложување во општеството понатаму, рече министерската Царовска.

Директорката на градинката, Марина Алексовска, посочи дека оваа градинка ќе има и јаслени групи, по барање од родителите.

- Уште еден прекрасен настан за јавната општинска установа за деца детска градинка „Ангел Шајче“ од Куманово. Тоа е денешното пуштење во работа на овој простор за најмладите од нашиот град. Простор во кој ќе се згрижуваат, воспитуваат и едуцираат децата од предучилишна возраст. Ова е осмиот објект на градинката која постојано расте, се проширува и осовременува“-рече Алексовска.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, пак, истакна дека градинката е исклучително значајна за децата од градот.

- Се заблагодарувам на сите оние кои дадоа допринос овој проект да се трансформира во една успешна приказна и воедно сакам да ја истакнам нашата желба и заложба за создавање на дополнителни добри дела за кои се надевам дека ќе наидеме на поддршка од централната власт, од Владата и ресорното министерство, изјави Димитриевски.

Новата градинка располага со влезен хол, ходник, три занимални, кујна, санитарна просторија за деца, санитарна просторија за деца и возрасни, перална и други пропратни простории.

За реконструкција, Министерството за труд и социјална политика во рамките на својот буџет издвои 3.789 милиони денари за изведување на градежно-занаетчиски работи и 1,5 милиони денари за опремување на просторот. Просторот има пристапна рампа и е во непосредна близина на посточекиот објект „Кокиче“.

ОН: Во 2023 бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто

Обединетите нации објавија дека во 2023 година бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто во однос на претходната година, пренесува Анадолија.

Во Советот за безбедност на ОН се одржа седница за сексуално насилство во конфликти.

Прамила Патен, специјална претставничка на генералниот секретар на ОН за сексуално насилство во конфликтни зони, го објави 15-тиот годишен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за сексуалното насилство во конфликти.

Таа истакна дека има невиден пораст на милитаризацијата низ светот.

- Додека жените и децата гладуваат, воените трошоци ширум светот истовремено надминаа 2,2 трилиони долари. Додека буџетите за хуманитарна помош се намалуваат, оружјето продолжува да се доставува до криминалците, а жртвите продолжуваат да страдаат, рече Патен.

Таа нагласи дека ОН регистрирале вкупно 3.688 случаи на сексуално насилство во конфликти во текот на 2023 година.

Патен рече дека сексуалното насилство особено ги погодува жените и децата. Таа додаде дека и израелските сили вршат сексуално насилство врз Палестинците.

- Според информациите потврдени од ОН, на окупираниот Западен Брег, жените и мажите приведени од израелските сили по 7 октомври биле изложени на злоупотреба, вклучително и сексуално насилство. Слични обвинувања има и во Газа, рече Патен.

Амбасадорката на добра волја на ОН и актерка Данаи Гурира не можеше да ги задржи солзите во својот говор, истакнувајќи дека сексуалното насилство продолжува да расте во светот и покрај сите напори на ОН. /МИА

Во Шуто Оризари, тече мирно изборниот процес

Канал 5 го следи изборниот процес во Општина Шуто Оризари.

Во основното учлиште „26 јули“ е Дејан Трајковски.

Како тече изборниот процес во оваа Општина?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Прв круг претседателски избори: За гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи

Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава Канал 5 беше на отворањето на гласачките места во Општина Карпош ,а во моментов нашите екипи се на две избирачки места, едната е на гласачкото место во средното учлиште Јосип Броз Тито и другата во основното учлиште 26 јули во населбата Шуто Оризари.

Во Центар е Игор Манасивски. Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер