Фото: Ким редовна во теретана

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан редовно во теретана прави вежби за својот најзначаен дел од телото задникот.

Фитнес инструкторката н открива колку пати неделно Ким  работи вежби за делот од телото кој ја прослави.

-Иако има набиен распоред полн со ангажмани, таа е многу одговорна и никогаш не ги пропушта тренинзите, вели Мелиса Алкантара, инструкторката по фитнес на популарната старлета.

-Ким е најдобриот клиент и најпосветениот вежбач кој може да го замислите, истакна Мелиса за  „ Women's Health“

Според инструкторката Ким најмногу време сака да работи вежби за грбот и нозете. Но сите вежби ги работела само два пати неделно.

-Кога на ред ќе дојдат вежбите за задникот и нозете вообичаено тренингот трае час и половина или час и 45 минути, објасни Мелиса.

Иако редовно ја посетува теретаната на Инстаграмот на Ким нема многу фотки и видеа од вежбањето , како што е случајот кај нејзината сестра Клои.

Се степаа фудбалерки – четири завршија во болница (ВИДЕО)

Четири фудбалерки се задржани во болница по општата тепачка на натпревар на аргентинската лига меѓу екипите на Университарио и Либертадо.

До тепачка дошло кога фудбалерка на Университарио почнала да се расправа со еден навивач , но вербалниот судир завршил без последици.

Вистински хаос настана кога фудбалерка на Либертадо , роднина на навивачот се нафрлила врз девојката од Университарио , која претходно се расправала со него.

Во жестоката масовна тепачка се повредени четири спортистки , кои се пренесени во болница.

Жени се степаа за селфи пред фонтана во Рим (ВИДЕО)

Средовечна жена и тинејџерка се степаа пред познатата Фонтана ди Треви поради селфи.

Се степаа 19 годишна тинејџерка од Холандија и 44 Италијанка од САД , па мораше да ги раздвои полицијата. Во тепачката се замешале и роднините и пријателите на двете жени , па во кавгата учествувале осум лица.

Сакале и двете да снимат селфи во исто време и од исто место . Не можеле да се договорат , па се степале.

Полицијата накратко ги смирила , по што почнале одново да се караат и тепаат . Морале да дојдат уште две патроли , за да се запре тепачката . Жените се приведени со модрици по целото тело.

На Фонтана ди Треви секој ден се собираат десетици илјади туристи , кои уживаат покрај неа особено на летните горештини.

Го сакаа најубавите жени на светот , а сега срцето му го украде Лејла (ФОТО)

Во петок Шон Пен ќе наполни 58 години . Но тоа не го спречува да биде заљубен на летување на Хаваи .

Двојниот Оскаровец, Шон Пен на плажа е фотографиран во друштво на 26 годишната актерка Лејла Џорџ . Таа е ќерка на познатиот холивудски актер Винсент Д Онофри и прекрасната Грета Скаки .

Мајаката на Лејла, ианку  е една година помлада од Шон , а со таткото на Лејла се врсници.

Двојката е во врска веќе двње години , а сега се одмораат на хавајскиот остров Оаху.

Шон Пен има богата актерска кариера , но и уште поинтересен приватен живот. Беше во врска со најубавите жени ан Холивуд , како и со Мадона. Со неа беше четири години во брак , а со Робин Рајт цели 14 години .

Пред три години ја прекина двегодишната врска со Шарлиз Терон , а пред тоа беше во врска со Скарлет Јохансон . Претходно имаше врска и со пејачката Џеуел. Девојка му била и активистката и супермодел Петра Немцова .

притисни ентер