Плавевски и Пренџова добитници на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Владимир Плавевски за збирката раскази „Момини солзи“ е добитник на наградата „Крсте Чачански“, а Елена Пренџова ќе ја добие наградата „Јован Котески“ за поетската збирка „Шшш....“ (интермистичка вибер поезија).

Наградите годинава по осми пат ги доделува Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга. 

Во образложението на жири комисијата за книгата „Момини солзи“ се наведува дека станува збор за уметничко дело во кое реализмот и магичниот реализам меѓусебно не си противречат, туку се надополнуваат и отвораат видици што поттикнуваат восхит.

Книгата „Шшш...“ на Пренџова е љубовна поезија која содржински и визуелно создава искрена доживеана поетска книжевна творба.

Досегашни добитници на наградата „Крсте Чачански“ се Христо Петрески, Милован Стефановски, Петре Димовски, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Васил Тоциновски и Стефан Марковски, а на наградата „Јован Котески“ се Трајче Кацаров, Санде Стојчевски, Витомир Долински, Христо Петрески,Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски и Зоран Јакимоски. 

Една недела жалост поради смртта на Анан

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации , Кофи Анан.

,, Тој во исклулителна мерка со својата положба , слава и однос во светот, придонесе за угледот на нашата земја.” , с енаведува во соопштението од претседателскиот кабинет. Знамињата ќе бидат на половина копје во целата држава.

Анан беше на чело на  Обединетите нации од 1997 до 2006 година , а за хуманитарната работа , заедно со ОН е добитник на Нобеловата награда во 2001.

Лидерите од целиот свет до семејството на Анан и до Обединетите нации упатија пораки со сочуство . 

Повредени полицајци во насилниот неонацистички марш во Берлин

Околу 500 неонацисти маршираа денеска по улиците на Берлин , на годишнината од смртта на нацистот Рудолф Хес.

Најмалку еден полицаец е повреден кога околу 500 активисти со извиците ,,Надвор нацисти !” се судрија со ист толкав број неонацисти , кои ја одбележуваа годишнината на нацистичкиот офицер и помошник на Хитлер.

Радикалните десничари , облечени во црвено и бело , носеа нацистички знамиња со кукаст крст.

Тие носеа трснспаренти со напис,, Не жалам за ништо”. Активистите ги гаѓале со шишиња и камења неонацистите , по што настанал хаос и морале да реагираат над 2400 полицајци.

Средба Меркел – Путин : Енергетиката е клучна за соработката на двете земји

Русија му дава големо значење на взаемно корисната соработка со Германија во областа на енергетиката , изјави претседателот Владимир Путин пред средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

Рускиот претседател Владимир Путин ја даде изјавата во замокот Мезенберг ,  резиденцијална палата на германската Влада , каде ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.

Двајцата лидери разговараат во опуштена атмосфера на 70 километри од Берлин за тешки прашања. Русија е подготвена да соработува за решавање на проблемот со Украина рече Путин пред почетокот на средбата на која ќе се разговара и за состојбата во Сирија , како и за енергетиката и санкциите на земјите од ЕУ кон Русија.

притисни ентер