Нова градинка во Куманово за поголем опфат на децата

Над 1900 деца се згрижени во кумановската градинка „Ангел Шајче“.

Уписите започнаа, родителите брзаат да ги запишат децата во еден од седумтте објекти во јавната општинска установа. Последниве десетина години, Советот на општина Куманово, континуирано носи одлуки со кои и се дозволува на градинката да запише поголем број деца во однос на расположливиот капацитет. Родителите кои сакаат нивните деца да бидат згрижени во установата од 1 септември, ќе мора да ги достават барањата до 10 јуни годинава. Комисија ќе ги разгледува пријавите, вклучително и оние кои досега биле одбиени. На последната седница, советниците едногласно подржаа одлука да отпочне со работа реконструираниот објект „Детелинка“.

- Околу 700 деца чекаат за прием во градинката. Очекуваме голем број нови пријави, сите нема да можат да бидат згрижени во установата. Што се однесува до новиот објект, децата веќе се примени, изјави директорката на градинката, Марина Алексовска.

Борбата на установата за отварање нови објекти и проширување на капацитетите на постоечките трае со години наназад. Куманово е еден од ретките градови со природен прираст и имаше потреба од изградба на нови и реконструирани објекти за згрижување на децата. Во изминативе две години беа отворени и два центри за ран детски развој, едниот лоциран во основното училиште „11 Октомври“, вториот во населбата „Иго Тричковиќ“, кои опфаќаат деца од три до шест годишна возраст.

Родителите инсистираа, но и локалните институции, што беше клучно пред неколку години централната власт да донесе одлука да се реконструира постоечки објект поранешниот „Пионерски дом“ и да се адпатира во нов објект „Детелинка“ кој според надлежните од Министерството за труд и социјална политика ќе има капцитет за прием на 70-тина деца.

Објектот е веќе реконструиран и децата ќе можат наскоро да бидат згрижени. Од МТСП информираа дека објектот ќе биде наменет за деца од девет месеци од шестгодишна возраст односно до вклучување во основно образование, согласно Законот за заштита на децата. Поранешниот „Пионерски дом“ се наоѓа на улицата „Кирил и Методиј“ зафаќа нето корисна површина од 347,47 м2 и е од цврста градба. Располага со влезен хол, ходник, три занимални, кујна, санитарна просторија за деца, санитарна просторија за деца и возрасни, перална и други пропратни простории.

- За реконструкција, Министерството за труд и социјална политика во рамките на својот буџет издвои 3.789, милиони денари за изведување на градежно-занаетчиски работи и 1,5 милиони денари за опремување на просторот. Средствата за вршење на дејноста на објектот „Детелинка“, Oпштина Куманово ќе ги обезбедуваат преку Jавната општинска установа за деца - Детска градинка „Ангел Шајче“ Куманово - Oпштина Куманово, односно од Буџетот на Република Македонија преку блок дотации, од надоместокот на корисниците на услугата, донации и други извори на финансирање согласно закон, соопштија од МТСП.

Бројката од 70 деца не е голема, но е за поздравување сметаат одговорните од градинката и ќе придонесе да се зголеми опфатот на деца во предучилишна установа, со што ќе им се даде еднаква можност за напредок во понатамошното образование на сите деца, но и ќе се зголемат можностите и потенцијалот за развој на државата. Ова го најави и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на прославата на 60 годишниот јубилеј на кумановската градинка.

- Сакам да ја потенцирам заложбата на Владата за развој и детска заштита за отварање детски градинки во рурални средини, како што беше примерот во Старо Нагоричане, рече министерката Царовска.

Градинката во Старо Нагоричане беше пуштена во употреба пред два месеци и е прва установа за згрижување деца во оваа рурална општина. Во наредниот период планирано е да се зголеми опфатот на деца за 50 проценти во однос на сегашниот, што е заложба во однос на детската заштита.

Надлежните сметаат дека значајно е инвестирањето во развојот на децата, неговото постојано унапредување и надградување, бидејќи со тоа се овозможува и развој на децата кои се идни градители на развојот на државата.

Општина Куманово, и покрај тоа што наскоро ќе добие реконструиран објект аплицираше за изградба на нова градинка која ќе се наоѓа на улицата „Бајрам Шабани“. Градинката е планирана да биде мултиетничка, што не е новина за градот и ќе овозможи поголем опфат на децата од Куманово. Во кумановската градинка уште од 90-тите години, наваму, со години функциионираат билингвални групи на македонски-албански и на македонско-српски јазик. Кумановската градинка е меѓу првите во кои се спроведува и проектот „Инклузија на Роми во предучилишна установа“, со кој се овозможува поголем опфат на децата од оваа етничка заедница.

Отварањето на нови градинки во Куманово е клучно со оглед на фактот што е општина во која на годишно ниво се раѓаат околу 1500 новороденчиња, а тука се движи и бројот на запишани првоодделенци околу 1650.

Градинките се корен на воспитно-образовниот процес, место во кое најмладите се стекнуваат со знаења, умеења вештини. Грижата за децата е одговорен ангажман затоа е потребно и да се отворат нови градинки каде ќе бидат сместени децата кои ќе се едуцираат и полесно ќе вклопат во основното образование. Предучилишното воспитување и образование ги воспоставуваат вредностите што понатаму во животот на децата ќе бидат стожери на нивниот индивидуален развој и напредок. /МИА

Бакнеж ја шокира Италија: Тренерот на Фиорентина не можеше да се воздржи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина се пласираа во полуфиналето на Конференциската лига, откако по продолженијата ја елиминираа Викторија Плзен со 2:0.

Еден од деталите кои го одбележаа мечот во Фиренца е бакнежот помеѓу италијанскиот тренер Винченцо Италијано и познатата новинарка на Sky Sports, Ванеса Леонарди.

Откако Фиорентина го постигна вториот гол, Италијано не можеше да ја контролира страста, па ѝ пријде на новинарка која беше до теренот и се чини дека ја бакна.

Не може со сигурност да се каже дали имало бакнеж, бидејќи во тој момент пред камерата поминаа неколку луѓе, во многу клучниот момент, а исто така и Ванеса имаше качулка на главата, па не беше јасно од овој агол дали е "француски" бакнеж, или шепот или само бакнеж во образот.

Fiorentina coach Vincenzo Italiano kisses the Sky Sport journalist Vanessa Leonardi (51) after the 2-0 goal vs Viktoria PIzen
byu/CPRIANO insoccer

Секако, оваа сцена потсети на моментот кога тогашниот претседател на Шпанската фудбалска асоцијација, Луис Рубиалес ја бакна шпанската репрезентативка Џени Хермосо на доделувањето на медалите по освоената светска шампионска титула.

Она што е интересно е што Ванеса е 17 години во брак со познатиот новинар, Маурицио Компањони, додека Италијано е во брак со неговата долгогодишна избраничка Рафаела, со која имаат две ќерки.

Италијанските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека Италијано и Леонарди се во врска, но засега никој од нив не објави ништо за овој случај.

Лукаревска од Штип: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Пред нас се исклучително важни избори, можеби и најважни досега, важен е континуитетот. 

Зашто се покажа дека иднината на Македонија не ја разбираат сите исто. Некои ја разбираат како заробена држава, изолирана и без перспектива. Затоа е важно СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија, после НАТО, во Европската Унија, како Македонци со македонски јазик по исправниот пат, рече во Штип Сања Лукаревска, носителка во третата ИЕ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Ние не бегаме, ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата.

-СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и калкулирање за сопствениот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди, за ниски удари. СДСМ е од граѓаните за граѓаните. СДСМ е избор на секој далековид човек, на секој кој ги почитува другите и разговара со сите. СДСМ, докажано, е партија која е тука кога е најтешко, и за земјата и за граѓаните, рече Лукаревска.

И овде, во Штип ќе повторам, драго ми е што успеавме граѓаните дури и да не насетат со колкава економска и енергетска криза се соочивме. Знам дека нашиот политички опонент тие кризи би ги спакувал во телевизиско шоу, наместо да ги решава. Има разлика.

Внимававме на сите граѓани, од тоа да задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите, ги зголемивме платите и пензиите.

И затоа ќе победиме. Штип на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија.

Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија. Нема откажување од иднината, рече Лукаревска вечерва пред граѓаните на Штип, се наведува во партиското соопштение.

Бразилка ќе оди во затвор, зашто на познат пејач за еден месец му испратила 8.000 писма

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

Но, тоа не е сѐ, Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

- Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим“, изјави извор близок до Стајлс.

Нејзе ѝ е забрането да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

притисни ентер