Телефонски разговор Ципрас - Туск во пресрет на Самитот во Софија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас телефонски реазговарал со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск пред самитот во Софија.

За разликите што Грција ги има со соседите и напорите за изнаоѓање решение, како и за подготовките за претстојниот Самит на ЕУ- Западен Балкан, станало збор во телефонскиот разговор на премиерот на Грција, Алексис Ципрас со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.

- За време на разговорот, претседателот Туск ги поздрави напорите што ги прави грчката Влада за решавање на разликите со нејзините соседни земји, што исто така е предуслов за нивна интегративна перспектива. Премиерот потенцираше дека Грција секогаш ќе има конструктивна улога за стабилноста и развојната перспектива на Балканот, соопштуваат од кабинетот на Ципрас./MИА

Романската премиерка ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка Виорика Данчила денеска во Европскиот парламент ги претстави приоритетите на Романија во претседавањето со ЕУ.

На излагањето на премиерката Данчила возвратија европарламентарците со критики кон Романија , особено во делот на правосудството.

Букурешт го презема водството со Унијата во многу важен период , кога се случува Брегзит , се носи нов буџет, избори во Европскиот Парламент , како и самит во романскиот град Сибио , каде сите земји членки на ЕУ ќе треба да ги дефинираат идните насоки на Унијата.

,,Првата етапа ќе биде интензивна и затоа сметам на вашата помош за да се усвојат што повеќе мерки и да се одговори на рпедизвиците.” , рече Данчила во обраќањето.

„Само Вистина“ - интервју со Стојан Андов

Вечерва гостин во „Само вистина“ беше Стојан Андов.

Во прва фаза Претседателот може да го врати законот, во втора е должен да каже што да се промени и со просто мнозинство да се усвои промената а потоа и да го потпише. Законодавната власт е над Претседателот. Противуставен потег прави Иванов, а не Џафери.

Ако не се обезбеди цензусот. Може изборот за Претседател на државата да сепренесе во Собранието.

Во книгата „На мој начин“ има докази кои што упатуваат на моите тврдења, за независноста, Лисабонскиот договр, за смртните закани по животот на Глигоров, за грчкото ембарго...

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

Курц : Жал ми е,ама ќе нема нови преговори за Брегзит

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, веднаш по неизгласувањето на договорот за Брегзит во британскиот Парламент се огласи на Твитер.

Канцеларот Себастијан Курц на Твитер порача дека ќе нема нови преговори на Европската Унија со Британија за постигнување нов договор.

,,Жал ми е поради исходот на гласањето за Брегзит во британскиот долен дом на Парламентот. Во секој случај , ќе нема нови преговори за нов договор за повлекување.” , напиша Курц на Твитер.

притисни ентер