Не одолеа:Актерката се разголи пред породувањето (фото)

Актерката Ева Лонгорија последните денови од бременоста ги поминува одмарајќи се, во долги прошетки, а Денот на мајките кој во светот се одбележува на 13  мај го прославила со една невообичаена за неа фотографија.

Имено, Ева се фотографирала позирајќи така што нејзиниот гол стомак е во преден план.

-Постојано ми се спие. Воопшто не е лесно да се носи и создаде човечко суштество“, кажала претходно за магазинот „Пипл“(People) прекрасната Ева, која бременоста ја носи без проблем во нејзина 43 година.

Таа и нејзиниот сопруг Пепе Бастон е го добијат наскоро првото заедничко дете, син.

Медиумскиот могул веќе има четири деца од претходниот брак со актерката Наталија Есперон - ќерките Маријана и Наталија и синовите Себастијан и Хосе Антониот.

 

Baby Baston and I wish everyone a wonderful week 💛💛 (📷: @rebeccayale)

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on

Фото: Апокалиптични сцени на Хаваи

Нова ерупција на вулканот Калиеуа на Хаваи.

 Вулканот со недели  еруптира и ги вознемирува жителите на егзотичниот остров.

Вулканската лава досега уништи на десетици куќи.

По новата ерупција на вулканот од Хаваи пристигнуваат апокалиптични фотографии снимени од воздух.

Мараја Кери ослабела 20 кг.

Врската со помладото момче ја врати во форма.

Светската музичка ѕвезда 48 годишната Мараја Кери ослабела цели 20 килограми, откако е во врска со 13 години помладиот пејач Брајан Танака.

Медиумите шпекулираат дека на вежбање, посебен начин на исхрана покрај љубовта кон Брајан ја мотивирала и нејзината најголема конкурентка во шоу бизнисот „жешката“ латиноамериканка Џенифер Лопез.

Популарната пејачка и самата била свесна дека претерала со килограмите и дека е време нешто да стори на тој план.

Светските медиуми дури шпекулираат дека поп дивата направила хируршка интервенција, односно дека со операција и е намален желудецот.  

Четиригодишно дете си го уби братчето, мислело дека пиштолот е играчка

Четиригодишно дете во Вирџинија случајно си го убило своето две години помладо братче. Пукал во него со пиштол кој мислел дека е играчка, наведува американската полиција.

Тајлер Апонте не дишел кога бил пронајден во својот дом во округот Луиз во Вирџинија со рана од куршум во градите, пренесе „Индепендент“.

Итната помош се обидела да го реанимира двегодишното дете , го однесла во болница но докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат малото дете.

Во времето кога се случила оваа трагедија мајката на двете деца била во куќата. Полицијата сега  води истрага за целиот случај.

притисни ентер