Се наѕираат контурите на договорот со Грција?

Направен е клучниот пробив во преговорите за името, но се уште има технички детали кои оневозможуваат Заев и Ципрас да си подадат рака веќе во Софија, иако тие, според грчките медиуми, ќе имаа две средби таму – и утревечер и во четврток наутро.

Според информациите на Канал 5, конечниот договор се очекува да биде постигнат за еден месец, до средината на јуни. Еве, како хронолошки се очекува да се развиваат настаните..

Прво, на средбите Ципрас-Заев се очекува да биде потврден начелниот договор кој е резултат маратонските преговори минатите 4 месеци, заокружен во саботата во Сунио, како и да им се даде насока на министрите Коѕијас и Димитров за финализирање на последните елементи. Ова вчера го потврди и македонскиот премиер.

Доколку се оди според планот, во следните неколку недели, со посредство на Нимиц, ќе се дојде до финалната верзија на текстот.

Во неговата основа е спорот да се реши со потпишување на Меѓународен договор, по примерот на договорот со Бугарија. Ова треба да се случи пред Самитот на ЕУ, за земјава да го добие долгоочекуваниот датум за почеток на преговорите..

Веднаш потоа, договорот треба да биде одобрен од двата парламенти и со тоа да се овозможи во јули Македонија да добие покана за членство во НАТО. Но, како што е познато, процесот не завршува тука..

Потоа следи период на ратификација на приемот од Парламентите на сите земји членки на Алијансата, вклучително и Грција.. Според информациите, тука е направен клучниот пробив - во договорот ќе има одредба која на директен начин ќе биде врзана со уставните измени, односно грчкиот парламент ќе дозволи приемот во НАТО да стане ефективен, откако ќе биде исполнет условот за употреба на името „ерга омнес“. Грчките медиуми неколку дена споменуваат рок од две години, но ова е една од работите кои останува да се додефинираат.

Како што е веќе познато, основата на решението ќе биде сложено име, најверојатно „Република Горна Македонија“, напишано одвоено и со превод на англиски. Тоа веднаш ќе биде меѓународно име на државата, запишано во Обединетите нации. По уставните измени, тоа ќе биде име за севкупна употреба. Графата за државјанство исто така ќе се потполнува со „Република Горна Македонија“.

Официјалниот јазик на државата ќе остане „македонски“, веројатно со објаснување дека станува збор за јазик од словенската група на јазици.

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Манчестер Сити не успеа во мисијата да ја одбрани тројната круна. 

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа поразени од Реал, но затоа Сити се уште е во конкуренција за двојната круна во Англија и шестата шампионска титула во последните седум години.

Сепак, ова лето Манчестер Сити би можел да остане без својот најдобар играч Кевин де Бруин.

Фантастичниот триесет и тригодишен Белгиец под водство на Гвардиола освои се и остави голема трага во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Де Бруин истекува во летото 2025 година, а саудиски Ал Наср сака да ја искористи таа ситуација. Белгиецот моментално вреди 60 милиони евра на пазарот, но доколку клубот на Роналдо го сака играчот на Манчестер Сити, ќе мора да плати многу поголема отштета.

Во Манчестер Сити Де Бруин заработува околу 21 милион евра по сезона. /МИА

притисни ентер