Врие на Блискиот исток

Сцената со развиорено американско знаме и со пригодна церемонија, но и со пролена крв и изгубени голем број човечки животи, втор ден ја бранува меѓународната јавност.

Дел од големите светски лидери за ваквото ескалирање на состојбите на блискиот исток прстот го вперија токму во претседателот на САД, Доналд Трамп, за кого велат дека е најголемиот виновник за настанатата ситуација и ценат дека ваквиот потег е резултат на исполнување на ветувањето кое Трамп и го даде на произраелската група наречена американско - израелски комитет за јавни работи дадено во текот на предизборната кампања.

- И понатаму мислиме дека одлуката сад да ја преместат амбасадата од Тел Авив во Ерусалим е погрешен чекор во погрешно време, изјави Борис Џонсон – министер за надворешни работи на Британија.

Тензиите почнаа да пламнуваат уште на почетокот на годинава откако американскиот претседател изјави дека САД го признаваат Ерусалим како главен град на Израел.

Советот за безбедност на Обединетите нации згрозен од вчерашните случувања на границата со појасот Газа побара независна истрага за загубените човечки животи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да ги повлече амбасадорите на својата земја од САД и Израел, обвинувајќи ги властите од Тел Авив за „државен терор“ и „геноцид“.

- Ние мислиме дека преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим е погрешна одлука. Потсетуваме дека со ваквата одлука се крши меѓународното право. САД избраа да бидат дел од проблемите а не од решенијата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи во Анкара, и турскиот премиер Бинали Јилдирим ги осуди двете земји што ја слават селидбата, додека, како што рече, невините и незаштитените Палестинци стануваат маченици.

Не изостанаа и реакциите на меѓународната јавност. Илјадници луѓе се собраа во голем број градови во светот за да протестираат против ваквата одлука и смртоносните судири по должината на израелско-палестинската граница а во Истанбул на протестите во знак на револт беа запалени знамињата на САД и Израел.

Во вчерашната интервенција на израелската армија беа убиени најмалку 56 лица а близу 3000 беа повредени. Израел за протестите ја обвини Хамас и наведе дека во вчерашните напади успеала да уништи 11 позиции на оваа групација.

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

ДИК: До 11 часот излезноста 12,78 отсто или 229.473 гласачи

До 11 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е 12,78 отсто или на гласање излегле вкупно 229.473 граѓани. 

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК), овие проценти се врз основа на обработени 3 418 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

притисни ентер