Заев очекува поддршка и од опозицијата за евентуалното решение за името - Канал 5

Заев очекува поддршка и од опозицијата за евентуалното решение за името

 Добро е што направивме исчекори, тие се огромни.

Заев очекува поддршка и од опозицијата за евентуалното решение за името

Се надевам дека и за она што е останато за крај, а е многу сериозно и важно, ќе се изнајде решение кое ќе го почитува достоинството на двете земји и идентитетот на граѓантие, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев во пресрет на утрешната нова рунда разговори за прашањето за името во Атина.

Заев нагласи дека Владата останува максимално посветена на процесот, како најодговорен субјект, но очекува поддршка и од опозицијата.

Што се однесува на забелешките на опозицијата дека не е информирана за текот на преговорите со Грција, премиерот рече дека тоа е работа на опозицијата, да биде критички ориентирана.

- Неколкупати баравме лидерска средба, сакаме да брифираме, но тоа се избегнува. Секоја можна прилика ја користам да информирам. Знаете дека на последните средби нема крупни исчекори од тоа што беше претпоследниот пат во Виена. Знае и опозицијата, а верувам знаат и граѓаните до каде сме стигнати, рече Заев одговорајќи на новинарски прашања.

Тој го пренесе ставот што му бил кажан од опозицијата на последната средба, дека Владата треба да го води процесот, а да биде информирана опозицијата кога ќе има решение.

- Јас сакам македонската опозиција и власта заедно да настапат по ова чувствително прашање. Верувам дека сите очекуваме да им гарантираме на граѓаните на РМ добра иднина, и во тоа име ќе смогнеме сили да изнајдеме мудро решение зад кое би застанале буквално сите лидери во државата, рече Заев.

Прашан за индициите за злоупотреба на државни пари при купување објекти за амбасади и дипломатски претставништва на РМ низ светот, Заев рече дека институциите се должни да тоа го процесуират до надлежните истражни органи.

- Ако има одговорност, ако се потврдат злупотреби, секако ќе се процесуираат самите предмети, ако има виновен ќе одговара, рече премиерот.

Тој најави активности за отварање, но и затварање на амбасади на РМ, зависно од потребите.

- Верувам дека барем на две три места имаме амбасади од кои немаме полза, а немаме во земји каде има потреба. Тоа е последица делумно и на политичката пенетрација и влијание кое сакаме да го оствариме, и вториот дел можеби поважниот - за економското влијание. Моментално заедно со потпретседателот за економски прашања, со министерот за надворешни работи и министерот за економија разговараме за економските аташеа, сакаме да ги вратиме онака како што ги има секоја земја, рече Заев.

Тој не прецизира конкретно каде би требало да се затворат одредени дипломатски претставништва, но ги посочи Азербејџан и Јордан како земји со големи потенцијални пазари за македонските производи каде што Македонија треба да биде посоодветно претставена.

YouTube video

Мицкоски: Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули

Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, а до крајот на месецов и експресната делница Дреново-Фариш, најави денеска премиерот Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека.

Мицкоски: Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули

На новинарско прашање при денешната посета на Битола Мицкоски рече дека реализацијата на четирите автопати во изградба (Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово и Прилеп Битола) во должина од 150 километри, во првите четири месеци од годинава споредено со минатата година е четирипати поголема, истакнувајќи дека очекува да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал.

- Во делот на автопатот Кичево-Охрид очекувам на почетокот на јули, ќе доциме две недели од она што го кажавме пред една годинаа, можеби можевме да го завршиме порано 10-ина дена. Таму секој ден на терен се и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и министерот за да ја стигнеме динамиката некаде до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид со исклучок на делот кај Ботун, четири-пет километри каде има свлечиште кое треба да се санира. Значи, ќе бидат ставени во функција 40-ина километри. Исто така, тука имаме доценења во делот на проектирањето на свлечиштата што треба да се санираат, но мислам дека успеавме да ги мотивираме компаниите да го фатат рокот и патот целосно да го пуштиме до крајот на 2026, почетокот на 2027 година, изјави Мицкоски.

На автопатот Прилеп-Битола најави дека до крајот на месецов ќе бидат завршени имотно-правните работи на над 80 проценти од трасата, таму се заокружени истрагите поврзани со пронаѓање на експлозивни направи. - Важно е што се следи, рокот се забрза за разлика од состојбата од пред една година кога беше до никаде, сега веќе е отворен фронт од 20-ина километри. Се работи и ќе биде испочитуван рокот кој е дел од Договорот, рече Мицкоски.

Според него, отворен е поголем фронт за работа и на автопатот Гостивар-Букојчани, каде веќе се готови носачите од Гостивар кон Стража, а во најголем дел е пробиена трасата. Работите одат во една солидна динамика, а надмината е пречката со ноѓалиштата од античко време, така што, додаде, очекувам и тука да имаме исклучително голема рализација. -Во првите четири месеци од годинава реализацијата на автопатите споредено со минатата година е четирипати поголема, а очекувам да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал, посочи премиерот Мицкоски.

Во фаза на претквалификација е патот Букојчани-Кичево и тука, дополни, го задвиживме процесот, отворен е поголем фронт за работа на Тетово-Гостивар, некои 10-ина, 15 километри, и имотно-правно и трасирањето.

Како што најави Мицкоски, се очекува до крајот на месецов да биде пуштена делницата Дреново-Фариш на експресниот пат Градско-Прилеп откако е решена состојбата со карпата и се расчистува патот.

Премиерот најавува и дека во општините ќе има нови 1200 градилишта со инфраструктурните пректи од двата повика на Владата.

- Кога сето ова ќе се спореди со летаргијата што фукционираше изминатите години - Битно е да крадеме, а не да градиме, тогаш мислам дека се чувствува разликата и поместувањето во позитивна насока, изјави Мицкоски.

При вонредниот надзор на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, на 14 и 15 месецов над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид било констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така било утврдено дека наследените проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика.

Според ЈПДП, забрзано тече изградбата на пристапните патишта од: Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и изградбата на пристапни патишта до село Горенци и село Оровник. - Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје, се поставува жичана ограда и еластична ограда, а кај Климештани е завршена десната страна и пуштена под времен режим на сообраќај и сега започнуваат активности на лева страна од главната траса. Започната е првата фаза на клучка Требеништа, а интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа. Се работи и на натпатникот кај Св. Еразмо, но и на левата страна од Подмоље до Охрид каде се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна од главна траса, изјавија за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта.

Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола. За делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 73 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп-Битола 63 проценти. Надзорот регистрира напредок од 60 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар, од 30 проценти за Букојчани-Гостивар, а од 49 проценти за Прилеп-Битола.

Од градежните активности на трите делници (Тетово- Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи и се изведува заштита на косини.

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301.088.222,79 евра. Во април годинава, според Извештајот на надзоорт, имало две исплати од државата преку ЈПДП, од 599.794.350 денари, на 22-ри, и од 524.972.228 денари на 30-ти.

Сите се чудат колку ви наплатиле за две кафиња, две води и три сока во Хрватска - нереални цени

Иако туристичката сезона дури сега започнува, цените во Хрватска веќе достигнаа нови височини, предизвикувајќи бран незадоволство кај локалното население и кај патниците од целиот свет.

Сите се чудат колку ви наплатиле за две кафиња, две води и три сока во Хрватска - нереални цени

Странските медиуми речиси секојдневно објавуваат статии во кои Хрватска се опишува како една од најскапите дестинации на Јадранот, а бројни туристи ги споделуваат своите искуства на социјалните мрежи за превисоки сметки во рестораните, скап сместувач и генерално недостапни цени за просечниот патник.

Таквите коментари често се безмилосни, а многумина се прашуваат дали Хрватска станала дестинација резервирана само за оние со „дебел паричник“. Се поставува прашањето дали растот на цените ќе влијае на бројот на туристи и на нивната подготвеност повторно да ја изберат хрватската обала, или сè поголемите трошоци ќе ги одбијат традиционалните гости и ќе ги натераат да побараат поевтини алтернативи во соседните земји.

Тоа е ставот на еден Хрват кој на Редит објавил фотографија од сметка од кафеана во Опатија. Тој е згрозен од цените, но и други корисници коментирале и откриле во што е „финтата“.

– Дали ова е нормално? – прашува еден Хрват покрај сметката од 42 евра за два макијата, три цедени портокалови сока и две води.

– Гледам дека на Редит се поставува прашање за сок од 4,5 евра. Што мислите за ова? – додал авторот на објавата. Според сметката, еден макијато чини шест евра, сок од портокал седум евра, а негазирана вода 4,5 евра.

Бројни Хрвати коментирале, а многумина истакнале дека станува збор за скап хотел во Опатија, поради што цените се високи.

– Седнуваш на кафе во луксузен хотел во центарот на Опатија, не ја гледаш цената (која е достапна и онлајн), и потоа се жалиш на Редит. Тие живеат од наивни луѓе како тебе – напишал еден Хрват.

Друг додал дека за хотел со пет ѕвезди, каде што ноќевање чини 300 евра по лице, ова се сосема нормални цени.

Луѓето советуваат секогаш да се проверуваат цените.

– Јас секогаш проверувам цени. Кога ќе видам нешто вакво, не нарачувам, само си одам! Секој што нарачува и плаќа е будала – напишал еден корисник на Редит.

Друг додал дека никогаш не би нарачал нешто ако претходно не ја видел цената, пишува Блиц Бизнис.

Повеќето корисници се согласуваат, а еден од нив порача дека локацијата ја диктира цената:

– Нивно е апсолутно право да постават каква било цена. Исто како што е апсолутно право на гостите да избегнуваат такви кафулиња. Проблемот е што гостите не го користат тоа право, туку се однесуваат како да имаат законска обврска да седат во најскапиот кафе-бар, со што гарантираат дека цената ќе остане иста или ќе порасне – прокоментирал еден Хрват.

БиХ направи чекор кон усогласување на стандардите за интелектуална сопственост со ЕУ

 Европската Унија има воспоставено стандарди за интелектуална сопственост кои го поттикнуваат иновацискиот, креативниот и економскиот развој, а Босна и Херцеговина направи чекор напред кон усогласување со тие стандарди.

БиХ направи чекор кон усогласување на стандардите за интелектуална сопственост со ЕУ

Европската Унија има воспоставено стандарди за интелектуална сопственост кои го поттикнуваат иновацискиот, креативниот и економскиот развој, а Босна и Херцеговина направи чекор напред кон усогласување со тие стандарди, изјави синоќа шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Луиџи Сорека.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Сорека информира дека Советот на министри на Босна вчера усвоил шест закони за интелектуална сопственост, изготвени со финансиска поддршка од ЕУ.

„И покрај длабоката политичка и уставна криза во Босна, оваа одлука покажува дека законите може да се донесат кога постои политичка волја“, напиша Сорека.

Тој го повика Парламентот на Босна да го поддржи пакетот закони за интелектуална сопственост. „Босна и Херцеговина сè уште не ги исполнила потребните услови за отворање на преговорите за членство, ниту го прифати реформскиот дневен ред што би ѝ овозможил да добие милијарда евра за спроведување на реформите во рамки на Планот за раст. Сега е моментот да се преземат сите чекори во корист на граѓаните“, нагласи Сорека.

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус за членство во ЕУ во 2022 година, а во 2024 година официјално ги започна преговорите за пристапување.

притисни ентер