ВМРО-ДПМНЕ: Ангажманот на Хоџа е срам за граѓаните - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Ангажманот на Хоџа е срам за граѓаните

Ангажманот на политичкиот истомисленик на Зоран Заев, Џезаир Шаќири Хоџа на висока функција во владата е срам и понижување и за државата и за граѓаните, а особено за припадниците на безбедносните сили.

ВМРО-ДПМНЕ: Ангажманот на Хоџа е срам за граѓаните

Неговиот договор мора да биде раскинат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда

 Израелската војска соопшти дека го убила новоназначениот ирански началник на Генералштабот Али Шадмани во ноќен напад врз главниот град Техеран, објави Анадолија.

Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда

-По прецизни разузнавачки информации добиени од Дирекцијата за разузнавање на ИДФ (армијата) и ненадејни околности во текот на ноќта, воздухопловните сили нападнаа команден центар во срцето на Техеран и го елиминираа Али Шадмани, воениот началник на Генералштабот, се вели во соопштението на војската денеска.

Тој командуваше со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) и иранската армија, се додава во соопштението.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го именуваше Шадмани за наследник на генералот Голам Али Рашид, началник на Генералштабот на иранската армија, кој беше убиен во израелските воздушни напади врз Иран минатиот петок, според иранските државни медиуми.

Досега нема коментар од Иран за израелската изјава.

Фото: Најубавата тенисерка предизвикува воздишки во бикини

Таа е вистинска лавица на тенискиот терен, но и супермодел надвор од него.

Фото: Најубавата тенисерка предизвикува воздишки во бикини

Најубавата светска тенисерка Арина Сабаленка по напорниот Ролан Гарос е на заслужен одмор во Грција.

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема на социјалните мрежи.

Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, по поразот во финалето на Ролан Гарос, одлучила дека е време за одмор.

Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос,заедно со својот партнер бизнисменот Јоргос Франгулис, кој претходно живеел во Бразил.

Во серија фотографии од одморот, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето во коментарите ѝ кажаа дека изгледа подобро од кога било и дека може почесто да објавува вакви фотографии.

Почина иконата на козметичката индустрија – од бренд за шминка создаде глобална сила

Синот на Ести Лаудер – „икона на козметичката индустрија“ кој од бренд за шминка направи глобална сила – почина на 92-годишна возраст, соопшти компанијата.

Почина иконата на козметичката индустрија – од бренд за шминка создаде глобална сила

Леонард Лаудер ја создаде првата лабораторија за истражување и развој во фирмата и беше „движечка сила“ зад нејзиното проширување во Европа и Азија. Во еден период, неговото богатство надминало 18 милијарди долари.

Лаудер му се приклучил на семејниот бизнис во 1958 година по служба во американската морнарица, а подоцна станал претседател и главен извршен директор.

– Повеќе од шест децении, господинот Лаудер беше визионер и иноватор, помагајќи во трансформацијата на бизнисот – се наведува во соопштението на компанијата.

Претприемачот одиграл клучна улога во тоа „Ести Лаудер“ да премине од продажба на мал број производи во американски продавници до сопственост на бројни брендови на меѓународно ниво.

Покрај создавањето брендови како „Clinique и Aramis“, Лаудер бил опишан како вешт преговарач, учествувајќи во аквизиции на „Bobbi Brown“ и „Jo Malone London“.

Неговиот син Вилијам, кој сè уште е активен во семејниот бизнис, изјави:

– Во текот на целиот свој живот, мојот татко неуморно работеше на градење и трансформирање на индустријата за убавина. Тој беше пионер во многу иновации, трендови и најдобри практики кои денес се темел на индустријата.

Вилијам Лаудер, кој сега е претседател на управниот одбор, додаде:

– Неговиот влијание беше огромно. Веруваше дека вработените се срцето и душата на нашата компанија и тие го обожаваа него и времето поминато со него.

Леонард Лаудер ја основал првата лабораторија за истражување и развој на компанијата и бил „движечка сила“ зад проширувањето во Европа и Азија.

Роден е во Њујорк во 1933 година, а според проценките на „Форбс“, неговото нето богатство достигнало 25,5 милијарди долари во 2021 година.

Тој беше главен извршен директор на „Ести Лаудер“ од 1982 до 1999 година, а претседател од 1995 до 2009 година, по што остана почесен претседател сè до неговата смрт.

притисни ентер