Трамп предлага разговори за нова спогодба со Иран - Канал 5

Трамп предлага разговори за нова спогодба со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот со неговиот кабинет во Белата куќа го предупреди Иран да не ја обновува нуклеарната програма.

Трамп предлага разговори за нова спогодба со Иран

Претседателот на САД сепак остави простор за дијалог за нови преговори и за нова спогодба.

„Или ќе постигнеме навистина добар договор за светот, или нема да има никаков договор“, рече Трамп.

Тој претходно донесе одлука САД да се повлечат од меѓународната спогодба со Иран и најави обновување на санкциите врз Иран, укинати по постигнувањето на спогодбата во 2015 година.

Фото: Најубавата тенисерка предизвикува воздишки во бикини

Таа е вистинска лавица на тенискиот терен, но и супермодел надвор од него.

Фото: Најубавата тенисерка предизвикува воздишки во бикини

Најубавата светска тенисерка Арина Сабаленка по напорниот Ролан Гарос е на заслужен одмор во Грција.

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема на социјалните мрежи.

Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, по поразот во финалето на Ролан Гарос, одлучила дека е време за одмор.

Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос,заедно со својот партнер бизнисменот Јоргос Франгулис, кој претходно живеел во Бразил.

Во серија фотографии од одморот, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето во коментарите ѝ кажаа дека изгледа подобро од кога било и дека може почесто да објавува вакви фотографии.

Почина иконата на козметичката индустрија – од бренд за шминка создаде глобална сила

Синот на Ести Лаудер – „икона на козметичката индустрија“ кој од бренд за шминка направи глобална сила – почина на 92-годишна возраст, соопшти компанијата.

Почина иконата на козметичката индустрија – од бренд за шминка создаде глобална сила

Леонард Лаудер ја создаде првата лабораторија за истражување и развој во фирмата и беше „движечка сила“ зад нејзиното проширување во Европа и Азија. Во еден период, неговото богатство надминало 18 милијарди долари.

Лаудер му се приклучил на семејниот бизнис во 1958 година по служба во американската морнарица, а подоцна станал претседател и главен извршен директор.

– Повеќе од шест децении, господинот Лаудер беше визионер и иноватор, помагајќи во трансформацијата на бизнисот – се наведува во соопштението на компанијата.

Претприемачот одиграл клучна улога во тоа „Ести Лаудер“ да премине од продажба на мал број производи во американски продавници до сопственост на бројни брендови на меѓународно ниво.

Покрај создавањето брендови како „Clinique и Aramis“, Лаудер бил опишан како вешт преговарач, учествувајќи во аквизиции на „Bobbi Brown“ и „Jo Malone London“.

Неговиот син Вилијам, кој сè уште е активен во семејниот бизнис, изјави:

– Во текот на целиот свој живот, мојот татко неуморно работеше на градење и трансформирање на индустријата за убавина. Тој беше пионер во многу иновации, трендови и најдобри практики кои денес се темел на индустријата.

Вилијам Лаудер, кој сега е претседател на управниот одбор, додаде:

– Неговиот влијание беше огромно. Веруваше дека вработените се срцето и душата на нашата компанија и тие го обожаваа него и времето поминато со него.

Леонард Лаудер ја основал првата лабораторија за истражување и развој на компанијата и бил „движечка сила“ зад проширувањето во Европа и Азија.

Роден е во Њујорк во 1933 година, а според проценките на „Форбс“, неговото нето богатство достигнало 25,5 милијарди долари во 2021 година.

Тој беше главен извршен директор на „Ести Лаудер“ од 1982 до 1999 година, а претседател од 1995 до 2009 година, по што остана почесен претседател сè до неговата смрт.

Австралијка постави нов Гинисов рекорд,направи неверојатни 7.079 згибови за 24 часа.

Австралијката Оливија Винсон го собори Гинисовиот рекорд за најмногу направени згибови од жена за 24 часа, правејќи неверојатни 7.079 згиба.

Австралијка постави нов Гинисов рекорд,направи неверојатни 7.079 згибови за 24 часа.

Овој подвиг започна како луд предлог од нејзиниот сопруг и тренер, и додека таа првично се смеела на оваа идеја да атакува на светскиот рекорд, на крајот се почна да има смисла.

34 годишната Оливија тренираше три месеци пред да се соочи со предизвикот во септември минатата година, но 12 месеци по обидот, таа ја истегна тетивата на бицепсот, што значеше дека повеќе не можеше да прави влечења(згибови). Мораше да откаже сè, но по неколку месеци закрепнување, таа се врати на соборувањето на Гинисовиот рекорд.

„Барав поголем предизвик, а мојот сопруг и тренер всушност предложија 24 часа правење на згибови, на што буквално се смеев на почетокот затоа што мислев дека нема начин“, изјави Винсон за Гинис.

„Го погледнав моменталниот рекорд, кој беше 4.081, и повторно помислив: „Никако“. По некое време, направив малку математика и помислив: „Можеби ќе можам да го направам тоа.“

За просечен маж или жена, правењето над 4.000 згибови за 24 часа звучи речиси невозможно, што го прави достигнувањето на Оливија Винсон уште поимпресивно.

Претходниот рекорд од 4.081 го постави Паула Горло (Полска) во 2021 година, но на 29 и 30 март 2025 година, 34-годишната предизвикувачка го сруши, изведувајќи неверојатни 7.079 влечења, или во просек околу пет влечења секоја минута во текот на 24 часа.

„Постигнав бројка за која навистина не мислев дека е можна кога првпат почнав да го правам ова“, рече Винсон.

„Во иднина, ова буквално ме тера да се запрашам за сè што не верувам дека можам да направам.“

притисни ентер