Мартан Фуркад со рекордна седма титула во Светскиот куп

Францускиот бијатлонец Мартан Фуркад победи на последна трка во спринт сезонава во рускиот град Тјумен и ја обезбеди рекордната седма титула во Светскиот куп.

Тој на трката на десет километри триумфираше со време од 25:49.0 без промашувања, а втор беше неговиот сонародник Симон Дестје, додека на третото место заврши Швеѓанецот Фредрик Линдстрем.

Во генералниот пласман Фуркад сега е прв со 1.056 бодови, а второпласиран е Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо со 974 бодови./МИА
притисни ентер