Венгер го сака трофејот од Лига Европа

Арсен Венгер сака Арсенал да се врати брзо во Лигата на шампионите и тоа може да се случи преку Лига Европа.
Тимот од Лондон води со 2:0 против Милан пред реваншот од осминафиналето на турнирот, а трофејот ќе им обезбеди место во посилниот фудбалски турнир наредната сезона.

Венгер, сепак, предупреди дека Арсенал не треба да ги потценува Италијанците.

- Сакам да играме во Лигата на Шампионите. Лига Европа сепак е посилна од кога било и има многу силни тимови како Милан, Дортмунд и други. Многу нешта може да тргнат наопаку и ние треба да играме на начинот на кој нашите навивачи очекуваат да го правиме. Против Милан треба да играме така, сеедно што првиот натпревар завршил 2:0, изјави денеска Венгер на пресот пред утрешниот меч.

Арон Ремзи додаде дека победата над Милан во првиот натпревар ја зголемила самодовербата на фудбалерите.

- Имавме потреба од овој резултат, бидејќи во последно време се наоѓавме во лоша серија, а се трудевме многу на секој натпревар. Се надевам до крајот на сезоната ќе стануваме се подобри, изјави Ремзи./MИА

СП 2018: Хрватскиот селектор го врати Калиниќ дома

 Атмосферата во хрватската репрезентација е малку нарушена и покрај рутинската победа над Нигерија на почетокот на Светското првенство. 

Хрватските медиуми објавија дека селекторот Златко Далиќ го отстранил од националниот тим Никола Калиниќ.

Оваа одлука на селекторот е резултат на одбивањето на Калиниќ да влезе во игра пет минути пред крајот на натпреварот со Нигерија.

- Златко Далиќ по натпреварот со Нигерија изјави дека нема повредени играчи, туку постојат само неколку мали „проблемчиња“. Тешко дека одбивањето на Калиниќ да влезе во игра може да се нарече „проблемчиња“, пишуваат хрватските медиуми.

Селектор Далиќ не сакаше да коментира за овој настан и се очекува својот став да го соопшти попладне на прес-конференција. 

Михајловиќ ќе биде новиот тренер на Ристовски во Спортинг

Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ се наоѓа во Лисабон каде се очекува во најскоро време да биде промовиран во нов тренер на Спортинг.

Поранешниот тренер на Торино и на српската репрезентација се договорил со португалскиот клуб на двегодишна соработка.

За Спортинг настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

По бурната сезона „зелено-белите останаа без тренер, откако тимот го напушти Жорге Жезус, а исто така од Спортинг си заминаа и поголем број играчи. 

Мурињо: Англија мора да го порази Тунис, но исто така се зборуваше и за Бразил и Аргентина

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека репрезентацијата на Англија мора да го совлада Тунис на дуелот од Светското првенство 2018.

- Дали го гледавте Тунис како играше со Португалија. Искрено, не ми се допадна тој натпревар. Тунис по својот потенцијал и стил е сличен на Мароко. Англија треба да победи, но истото тоа важеше и за Бразил и за Аргентина. Мислам дека натпреварот ќе биде интересен, изјави Мурињо.

Натпреварот Тунис – Англија ќе се игра во Волгоград вечер со почеток во 20 часот.

Три часа претходно (од 17 часот) ќе почне другиот меч од 1.коло во Г-групата меѓу Белгија и Панама. 

притисни ентер