Мурињо за Де Бур: Ги читам изјавите на најлошиот тренер во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо го нарече Франк де Бур најлош тренер во историјата на Премиер лигата.

Причината за оваа остра реакција на португаскиот стручњак се критиките упатени кон него поради односот кон фудбалерот Маркус Рашфорд.

Тој оваа сезона не е меѓу стандардите играчи на Јунајтед, но минатата сабота се врати во првиот тим и ги постигна двата гола за победата против Ливерпул од 2:1.

Де Бур по натпреварот го критикуваше Мурињо зошто почесто не го остава во игра Рашфорд.

- Штета што му е тренер Мурињо. Рашфорд е англиски фудбалер и потребно му е време, прави грешки, но Мурињо не го сака тоа, сака резултати. Доколку тој има еден или два лоши натпревара, Мурињо ќе го извади од составот. Рашфорд е многу млад и му требаат натпревари, треба да игра секоја недела, изјави Де Бур.

На ова жестоко одговори Мирињо потсмевајќи му се холандскиот стручњак, кој беше тренер на Кристал Палас во почетокот од оваа сезона, но доби отказ откако ги загуби првите четири натпревари, а неговиот тим не даде ниту еден гол.

- Прочитав нешто, некои изјави од најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата, Франк де Бур, кој вели дека за Рашфорд не е добро да има тренер како мене бидејќи најважната работа за мене било да победувам. Доколку Франк го тренираше Рашфорд ќе научеше да биде поразуван, бидејќи тој го губи секој натпревар, нагласи Мурињо.

Рашфорд би можел да се најде во првиот тим на Јунајтед на реванш натпреварот против Севилја во осминафиналето од Лигата на шампионите./МИА

Галант: Половина од командантите на Хезболах загинале од 7 октомври

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант тврди дека од 7 октомври 2023 година во израелските напади се убиени половина од командантите на Хезболах во јужен Либан, додека добар дел од нив сега ги напуштаат своите позиции.

„Нашата главна цел беше и останува да создадеме поинаква безбедносна ситуација овде (во близина на сината линија која ја повлекоа Обединетите нации) и дека жителите на северен Израел можат безбедно да се вратат во своите домови. Во овој поглед, разгледуваме неколку решенија“, изјави Галант. /МИА

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

притисни ентер