Ѓоковиќ елиминиран од 109. тенисер на АТП листата

Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиѓ имаше неуспешно враќање по повредата на лактот, откако синоќа на турнирот во Индијан Велс загуби од 109-то рангираниот на АТП листата Таро Даниел (Јапонија) со 2-1.
Јапонецот го доби првиот сет на тај-брејк со 7:6, Ѓоковиќ изедначи по подобра игра во вториот сет (6:4), а во решавачкиот трет сет беше 6:1 за Даниел.

Србинот по поразот изјави дека се чувствувал како првпат да е на турнир.

- Како пр пат да играм на АТП турнир. Многу чудно. Се вратив по повредата, но не се чувствувам добро. Можеби избрзав со враќањето на натпреварите. Ми недостасуваат мечеви, но морам да се консултирам со мојот тим и да направиме добра стратегија, истакна Ѓоковиќ.

Тој во изминатите осум-девет месеци одигра само еден турнир па така поразот од Даниел на престижниот турнир во САД и не претставува многу големо изненадување. /МИА

СП 2018: Англија ја декласираше Панама за осминафинале

Англија убедливо ја совлада Панама со 6:1 во натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Англиската репрезентација одигра одличен натпревар и благодарение на победата обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот.

Англија уште во почетокот на натпреварот ја потврди фаворитската улога и со голот на Џон Стоунс во осмата минута поведе со 1:0. Англискиот капитен Хари Кејн со гол од пенал во 22-та минути го зголеми водството на 2:0. Во 36-та минута Џеси Лингард беше прецизен за 3:0, а Стоунс четири минути подоцна го постигна вториот гол и зголеми на 4:0.

Во финишот на првиот дел Кејн повторно успешно реализираше пенал за 5:0. Во второто полувреме Кејн постигна хет-трик и во 62-та минута зголеми на 6:0. Фелипе Балој го постигна почесниот гол за Панама и во 78-та минута ги постави конечните 6:1.

Белгија и Англија сега имаат по шест бодови во групата, а Панама и Тунис се без бодови.

СП 2018: ФИФА покрена истрага против Фудбалските федерации на Хрватска и на Аргентина

ФИФА покрена истрага против Фудбалските федерации на Хрватска и на Аргентина поради инцидентите меѓу аргентинските и хрватските навивачи на натпреварот во Нижи Новогород.

- Не можеме да го коментираме случајот, но можеме да потврдиме дека стигна пријава, истакна портпаролот на Фудбалската федерација на Хрватска, Томислав Пачак.

Хрватска убедливо ја совлада Аргентина со 3:0, а дел од аргентинските навивачи не можеа да го скријат својот бес поради катастрофалниот пораз и нападнаа неколку хрватски навивачи.

Претходно, ФИФА соопшти дека отворила истрага за швајцарските репрезентативци Ѓердан Шаќири и Гранит Џака, поради гестикулирањето орел по постигнатите голови, како и против Фудбалската федерација на Србија за проблемите со српските навивачи кои извикувале политички и навредливи пораки, но и против српскиот селектор, Младен Крстајиќ, за изјавите по натпреварот.

Дисциплинската комисија на ФИФА веќе ја казни Фудбалските федерации на Полска со 10.000 швајцарски франци заради полските навивачи кои извикувале политички пораки на натпреварот против Сенегал.

СП 2018: Фудбалската федерација на Швајцарија не очекува казни за Џака и Шаќири

Фудбалската федерација на Швајцарија соопшти дека не очекува казни за репрезентативците Ѓердан Шаќири и Гранит Џака, откако ФИФА покрена истрага против нив.

Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а стрелци на головите за Швајцарија беа Џака и Шаќири.

Швајцарските фудбалери, кои имаат албанско потекло, на головите и на победата се радуваа гестикулирајќи орел како симбол на албанското знаме, а многумина особено од српската страна тоа го сфаќaат како политичка провокација.

- Не сум сигурен дали ФИФА воопшто ќе реагира и се ќе зависи од проценката на Дисциплинската комисија. Тоа не беше политичка порака, туки спонтана реакција на играчите, истакна функционерот на Фудбалската федерација на Швајцарија, Клаудио Сулсер.

Тој потврди дека на фудбалерите им било обрнато внимание во иднина да не го прават тоа.

И швајцарскиот министер за спорт, Ги Пармелин, застана во одбрана на Џака и Шаќири нагласувајќи дека „играчите биле емотивни“ и дека „не е во духот на спортот емоциите да се претвораат во полемика“.

ФИФА соопшти дека ќе отвори истрага и против Фудбалската федерација на Србија за проблемите со српските навивачи кои извикувале политички и навредливи пораки, но и против српскиот селектор, Младен Крстајиќ, за изјавите по натпреварот.

притисни ентер