Дресен ги шокираше и олимпискиот и светскиот шампион

Германецот Томас Дресен триумфираше во спустот во Квитфјел, Норвешка, оставајќи ги зад себе актуелниот светски шампион во оваа дисциплина Беат Фојц и олимпискиот шампион Аксел Лунд Свиндал.
Дресен оствари време од 1:49.17 и за само осум стотинки успеа да го победи Фојц. Свиндал со задоцнување од 17 стотинки заврши трет.

Со овој резултат, Фојц е се уште прв во генералниот пласман со 622 поени, а Свиндал е втор со 60 помалки. Тие остануваат единствените кои можат да ја освојат титулата од Светскиот куп во спуст./МИА

УФЦ борец ја покажа ужасната повреда (Вознемирувачко видео)

УФЦ борецот, Џејмс Краузе, на „Fight Night “ во Сао Паоло ја постигна својата шеста победа .

Краузе го победи Серџи Мораес на UFC Fight Nightu 164.

По борбата, се дозна дека Краузе последните две рунди се борел со непријатна повреда на прстите на ногата. Во еден момент, ногата на Краузе му се заплетка во затворениот простор на борбеното поле , така што си ги повреди прстите.

"Еве нешто ново за мене. Четири шевови на прстот на ногата. Во првиот круг, додека запрев едно удирање, прстите ми се заглавија во оградата на кафезот и ми се отвори раната. По 13 години во еден од моите најголеми стравови стана  реалност “, напиша Краузе на Инстаграм, каде објавивидео од третманот на повредената нога.

Црногорска фудбалска легенда банкротира: Должи милиони , запленет му е имотот

Црногорскиот фудбалер, Мирко Вучиниќ се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност, но не заради нешто што го постигна на фудбалски терен.

Италијанските медиуми денеска објавија дека Вучиниќ е во голема неволја. Даночната администрација на Италија покренала истрага против Вучиниќ, кој е осомничен за затајување данок во вредност од 5,8 милиони евра. Тој е обвинет за не пријавување на заработката што ја добил играјќи за Ал-Џезаира.

Според „La Gazzetta dello Sport“, тој морал да плати данок кога играл во Обединетите Арапски Емирати, со краен долг од дури 5,8 милиони евра.

Римскиот суд го прифати барањето на тужителот и му го одзеде имотот на поранешниот играч по истата вредност сè додека не заврши судскиот процес.

Вучиниќ најголемиот дел од кариерата го помина во Италија, настапувајќи за Лече, Рома и Јувентус. Тој ја заврши кариерата пред две години, откако играше во дресот на Ал-Џезаира во Обединетите Арапски Емирати.

Романо : Мурињо е фаворит за нов тренер на Тотенхем

Маурицио Покетино веќе не е менаџер на Тотенхем . Аргентинецот беше со Спурсите од 2014 година.

По феноменалната ланска сезона, во која Тотенхем играше во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, тој направи ужасен потег и ја плати цената. Во Премиер лигата, Спурси се само 14-ти.

„Се двоумевме да ја донесеме оваа одлука“, изјави Даниел Леви, шеф на Спурсите.

„Ова не е одлука што управата ја донесе набрзина и лесно. За жал, резултатите во домашната лига на крајот на минатата година и почетокот на оваа сезона беа крајно разочарувачки“, заклучи тој.

Веќе се зборува за можен наследник на Покетино, при што италијанскиот специјалист за трансфери, Фабрицио Романо, тврди дека Мурињо е фаворит. Истиот човек додава дека Масимилијано Алегри не е еден од кандидатите.

Португалецот е без работа речиси една година, откако беше отпуштен поради лошиот настап во Манчестер Јунајтед. Оттогаш, тој најмногу работи како студиски аналитичар на различни телевизиски станици, коментирајќи ја Премиерлигата за Sky Sports оваа сезона.

притисни ентер