Вардар тренира во комплетен состав, за Чупиќ ќе се знае во недела

Вардар во недела во Скопје ја пречекува Висла Плоцк во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез на денешната прес-конференција соопшти дека се подготвуват во комплетен состав, а дека по подолго време на располагање ќе го има и Иван Чупиќ.

- Тренираме во комплетен состав, тоа значи дека и Иван Чупиќ е со тимот, но дали ќе настапи тоа ќе знаеме во недела. Ова е предноста кога играш на домашен терен, можеш да чекаш до последно пред да донесеш одлука околу составот, рече Гонзалез.

Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ по завршувањето на Европското првенство не играше подолг период поради повреда на коленото.
За Вардар овој натпревар е од исклучително значење бидејќи со победа ќе го освои првото место, односно ќе има директен пласман во четвртфиналето.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер