Вардарки како фаворити го пречекуваат Битигхајм

Ракометарките на Вардар в петок во Скопје против Битхајм ќе имаат шанса да го потврдат првото место во групата од Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ на овој дуел влегуваат како големи фаворити и секој исход освен победа ќе биде големо изненадување.

- Добро го познаваме противникот. Претходниот натпревар го добивме со голема разлика, иако првиот дел не беше лесен. Треба да играме перфектно за да победиме, и да ја решиме нашата задача во групата. Н апретходниот натпревар во Мец загубивме само порадите нашите грешки. Ни треба поддршката од трибините од сите, да бидеме сложни сите заедно дури и кога губиме. Треба да го вратиме победничкиот дух и да останеме на првото место, изјави тренерот Ирина Дибирова.

Победа за вардарки и освојување на 1. место ќе значи ривал за ривал во ТОП-8 фазата четвртопласираниот тим од првата група.

На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија македонскиот шампион победи со 38:26, па капитенот Јованка Радичевиќ со право очекува триумф и во Скопје.

- Сакаме само да победиме и на тој начин да го решиме првото место во групата. Со нашата добра енергија, добра одбрана ќе треба да стигнеме до победа, вели Радичевиќ.

Натпреварот в петок се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот./МИА

СП 2018: Бразил во финишот ја совлада Костарика

Бразил во судиското надополнување ја совлада Костарика со 2:0 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Филипе Кутињо во 91-та минута беше прецизен за водство од 1:0 на бразилската репрезентација, а Нејмар во 97-та минута ја потврди победата и постигна гол за конечни 2:0.

Иако Бразилците влегоа како фаворити во натпреварот, многу потешко од очекуваното дојдоа до значајната победа и до трите бода.

Во второто полувреме интересен беше и моментот кога судијата досуди пенал за Бразил, откако Нејмар падна во шеснаесетникот на Костарика. Но, по консултација со ВАР системот ја поништи својата одлука.

Бразил сега има четири бода, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман.

Во оваа група вечерва ќе играат Србија и Швајцарија./МИА

Модриќ: Не смее да не фаќа еуфорија

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ по победата над Аргентина (3:0) во натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2018 година, рече тој знае дека на интернет почнаа еуфорија, но го повика својот тим да го задржи мирот.

- Победата над Аргентина зборува за силата на хрватскиот национален тим? Тешко е да се каже. Не треба да размислуваме за ова. Знам дека еуфоријата започна на Интернет, но треба да се смириме и концентрираме на она што треба да се направи. И не размислувај за некои луди работи. Имаме одличен тим, нашите навивачи веруваат во нас. Се надеваме дека ќе продолжиме во истиот дух, истакна Модриќ.

Хрватска по две кола на стартот на Мундијалот има максимални шест бода и веќе обезбеди пласман во следната фаза.

СП 2018: Сампаоли ја презема одговорноста за поразот од Хрватска

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Хорхе Сампаоли ја презема вината за синоќешниот дебакл на неговите избраници.

Аргентина загуби од Хрватска со 3:0 и се наоѓа пред елиминација уште по групната фаза на Мундијалот во Русија.

- Многу сме разочарани. Ова е моја одговорност. Како тренер, јас сум одговорен за резултатот. Но индивидуалните грешки доведоа до промашени цели. Хрватска ја презеде иницијативата, и ние не можевме да смениме ништо. Се разбира, ова е многу болен пораз, но мора да останеме тим. Мојот тим за натпреварот, мојот проект не функционираше. Долго време работам како тренер и сум свесен за одговорноста. Се што останува за нас е да се бориме во последниот натпревар, да се држиме за секоја шанса, Сампаоли рече по натпреварот. 

притисни ентер