ЗОИ 2018: Швајцарија победник во новата дисциплина – екипна алпска комбинација

Репрезентацијата на Швајцарија го освои историското прво злато во новата дисциплина на Зимските олимписки игри – алпска комбинација екипно.

Во составот на швајцарската селекција беа Денис Дајерберд, Рамон Зенозерн, Венди Холденер и Даниел Јул.

Ова е второ злато на второто злато на Швајцарија во Пјонгчанг, првото е за Мишел Гисин во алпската комбинација.

Во финалето Швајцарците ја совладаа Австрија со 3:1.

Бронзата е за Норвешка која во малото финале беше поуспешна од Франција.

Општина Карпош овозможува нега на изнемоштени и стари лица

Во екот на пандемијата од Ковид-19, изнемоштените и стари лица кои живеат на територија на Општина Карпош, можат да добијат бесплатна нега и грижа.

Како што соопшти денеска општината, граѓаните можат да добијат некоја од следните услуги: подготовка на храна, пазарење, помош при одржување на основна хигиена во домот, помош при пресоблекување и бањање, и тоа пријавувајќи се на телфонскиот број 070 – 299 – 026.

Тимот на социјалното претпријатие „Нега Плус" ја овозможува оваа поддршка преку Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

-Во изминатиот период, Општина Карпош воспостави соработка и со Црвениот крст, при што беше организирана достава на храна и лекови на лица кои се болни од Ковид – 19 или граѓани кои се во изолација, соопштија општинските власти.

Оттаму информираат дека основната цел на ваквите активности е да се пружи уште поголема социјална заштита на најранливите категории на граѓани.

Босански министерр правел пена-забава на река , се води истрага (ВИДЕО)

Поранешниот министер за безбедност на БиХ, кој во моментов е член на Претставничкиот дом на парламентарното собрание на БиХ, Драган Мектиќ, вчера на својот Твитер објави видео на кое се фали за скокање во реката Укрина.

Мектиќ напиша: „Пена- парти на мојата река Укрина, мостарската ластовица моментално лета“.

Видеото го прикажува како скока во река , каде што има и многу пена.

Имено, како што пренесува Klix.ba, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска ја осуди забавата на Мектиќ, а Инспекторатот на Република Српска го испитува случајот.

Примероците од вода се земени за анализа бидејќи вклучува ослободување на хемикалии во реката заради пената од забавата.

Кликс, исто така, известува дека пената што го покрила Мекиќ додека изведувал скок како ластовица е создадена од топови за пена.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска вели дека е несфатливо хемикалиите да се пуштаат во реката за забава и дека ќе инсистираат на одговорност за сторителите.

Тачи влезе во судницата , знаме на УЧК и протести пред судот во Хаг (ВИДЕО)

Претседателот на Косово , Хашим Тачи, пристигна во зградата на Обвинителството во Хаг.Тој треба да биде сослушан за обвинението во кое се товари за воени злосторства извршени на Косово.

Пред да влезе во судот, Тачи рече дека се борел за независно и слободно Косово, „засновано врз еднакви права, мултиетничко општество и владеење на правото“, и дека е подготвен да се соочи со нови предизвици и триумфи за неговиот син, семејството, луѓето и својата држава, јавија косовските медиуми.

"Никој не може да ја смени историјата. Ова е цената на слободата. Јас верувам во мир, вистина и правда. Верувам во дијалог и добри односи со сите соседи. Косово е успешна приказна и јас сум горд на тоа. Судбината на Косово е членството во ЕУ, НАТО и трајно пријателство со Соединетите држави“, рече Тачи.

Косовските медиуми јавуваат дека неколку десетици Албанци го чекале пред седиштето на судот, протестирајќи против обвинението, во кое заедно со него е обвинет водачот на ПДК, Кадри Весељи и други лица.

Албанците кои го пречекаа носеа разни транспаренти и го скандираат името на Тачи, пренесува Коха Диторе.

Обвинението против Тачи е поднесено на 24 април и сега е кај судијата, надлежен да го разгледа и да донесе решение за потврда, објави Специјалното обвинителство на крајот на јуни.

Според изјавата на обвинителот, Тачи, Весели и другите осомничени од обвинението се товарат за скоро 100 убиства.

Жртви на обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат, вклучувајќи косовски Албанци, Срби, Роми и луѓе од други националности, како и политички противници.

Во декември 2011 година, швајцарскиот сенатор Дик Марти објави извештај во Советот на Европа во кој се наведуваат неколку поранешни лидери на Ослободителната војска на Косово, кои биле вклучени во воени злосторства.

Косовското собрание го донесе законот за формирање на Специјализираните оддели и специјализираното обвинителство во август 2015 година.

Нивниот штаб беше преместен во Хаг заради безбедноста на жртвите и сведоците на истражната постапка.

притисни ентер