ЗОИ 2018: Серва и донесе злато на Канада во ски крос

Канаѓанката Келси Серва го освои златниот медал во дисциплината на ски крос на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг.

Таа постепено ја подобруваше формата, во полуфиналето влезе со втор резултат, за на крајот да биде најдобра кога беше најпотребно.

За 28-годишната Серва ова е втор олимписки медал, првиот го освои пред четири години во Сочи кога беше втора.

На победничкиот подиум покрај Серва место обезбедија и нејзината сонародничка Британи Фелан, како и трето пласираната Фани Смит од Швајцарија.
Воедно, финалето во ски крос беше последното натпреварување во скијање слободен стил на Игрите во Јужна Кореја.

Најуспешна репрезентација е канадската со четири златни, две сребрени и еден бронзен медал.

„РејсингЊуз365“: Сајнц преговара со Мерцедес за договор 1+1

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц може да потпише краткорочен договор со Мерцедес, пишува „RacingNews365“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Според изданието, 29-годишниот шпански возач во Формула 1 се уште не се договорил со германскиот тим да потпише договор. Сепак, страните всушност преговараат и разговараат за договор според шемата „1+1“.

Забележано е дека доколку договорот биде склучен, Мерцедес ќе има можност да го оцени својот помлад Кими Антонели во 2025 година и да одлучи дали е подготвен да го претставува тимот во сезоната 2026 година.

На почетокот на февруари, се дозна дека возачот на „Сребрените стрели“, Луис Хамилтон, ќе се приклучи на Ферари во 2025 година, каде што ќе го заземе местото на Сајнц. Во моментов, Шпанецот е на четвртото место во поединечниот поредок во Формула 1.

Герасимовски: Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Нов сквер ќе го разубави платото пред Општина Центар. Станува збор за поставување комунална урбана, т.н. „урбан атрактор“на платото на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ пред Општина Центар. 

Оваа опрема има за цел да го збогати јавниот простор со урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди. Градежните работи за ново планираната инсталација „урбан атрактор“ се започнати и тој ќе се протега на површина од 56 метри квадратни. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека новиот сквер ќе го оживее просторот и ќе биде ново збирно место за одмор и дружба.

„Мило ми е што Дебар Маало добива ново урбано катче за граѓаните. Урбаниот елемент на новиот сквер ќе има модерна конструкција, а во неа ќе има урбана опрема за релаксација и одмор на граѓаните од секојдневието. Ова ќе биде простор каде граѓаните ќе можат да одморат, да се социјализираат или да ги паркираат своите велосипеди додека ги завршуваат обврските во околината. Верувам дека ова футуристичко урбано издание ќе го збогати Центар и ќе биде позитивно препознаено од граѓаните“, вели Герасимовски“, вели Герасимовски.

„Урбаниот атрактор“ Општина Центар го добива како донација од Стопанска банка. Истиот ќе биде осветлен и ќе има информативна табла за корисниците на овој урбан елемент. Општина Центар ќе продолжи да работи на нови естетски уредувања и нови проекти за граѓаните.

Соработка и координација меѓу ЈО и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи

Соработка и координација меѓу ЈО и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Можности за соработка и идна координација меѓу Јавното обвинителство и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, беа темите на разговор на денешната средба меѓу двете институции претставени од Јавниот обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на Комитетот Зоран Илиевски.

- Во таа насока беше договорено да отпочне постапката за усогласување и потпишување на меморандум меѓу Јавното обвинителство и Комитетот со кој ваквата соработка и начинот на постапување во иднина дополнително ќе се унапредат, информираат од ЈО.

притисни ентер