Дербито Шкендија – Вардар одложено 20 минути, се чисти теренот

Дерби натпреварот на стартот од пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Вардар ќе почне со доцнење од 20 минути.

Причина за малото поместување на почетокот кој првично беше предвиден за 14 часот е чистењето на теренот на Градскиот стадион во Тетово кој беше прекриен со снег по обилните врнежи што вчера го зафатија западниот дел на Македонија.

Домаќините прават се за да им овозможат на фудбалерите пристојни услови за игра.

Емери среќен што почнува ново поглавје со Арсенал

 Новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери изрази задоволство од можноста да биде предводник на англискиот великан.

- Среќен сум што можам да го предводам еден од најдобрите клубови во светскиот фудбал. Арсенал е познат и сакан во целиот свет благодарение на стилот на игра, работа со млади играчи, фантастичен стадион и како функционира клубот. Многу ми е драго што ми ја дадоа одговорноста да започнам ново поглавје во животот на Арсенал. Се сретнав со лидерите на клубот, тие имаат огромни амбиции. Тие сакаат да успеат во иднина. Воодушевен сум од она што можеме да постигнеме заедно, и со нетрпение ја очекувам можноста да им дадам посебни моменти на оние кои го сакаат Арсенал.

 

🔴 The next chapter... #WelcomeUnai

A post shared by Arsenal Official (@arsenal) on

Емери дојде на менаџерската позиција на Арсенал наследувајќи го легендарниот Арсен Венгер. 

Зидан не би го менувал Роналдо за Салах

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не би се откажал од Кристијано Роналдо на сметка на Мохамед Салах.

- Не би го менувал Кристијано, ниту кој и да е од моите играчи. Кристијано е најголем. Тој е најдобриот фудбалер кој ќе има огромно значење и во финалето. Ако се сумира, подобро е да го имаш Кристијано во тимот, бидејќи тој го докажува својот квалитет секоја година. Дури и кога не постигнува голови, тој знае дека потоа ќе може да реализира три или четири натпревари по ред. Знае како да го направи, да се справи со напнатоста и да се врати на врвот. Некои играчи не можат да се справат со тензијата. Меѓу другото и во тоа е поразличен Роналдо. Колку повеќе се зголемува притисокот врз него, колку повеќе го критикуваат, толку подобро игра, изјави Зидан.

Двајцата ќе бидат најголемите ѕвезди во финалето на Лигата на шампионите, а се очекува тие да бидат и најголемите конкуренти за „Златната топка“.

Салах и Роналдо имаат 44 гола за своите тимови во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, но 33-годишниот Португалец има 15 погодоци во ЛШ оваа сезона, пет повеќе од Египќанецот. 

Милан непријатно изненаден од УЕФА

Поранешниот италијански и европски шампион Милан е изненаден од одлуката на УЕФА да не ја прифати понудата на клубот за договор околу правилата за финансиски ферплеј.

Одлуката на Европската фудбалската федерација беше објавена вчера и со неа на „росонерите“ им се одбива предлогот за договор и им се заканува забрана за настап во евро-куповите.

- Прилично непријатно сме изненадени, бидејќи очекувавме УЕФА да ни предложи договор. Откако беше воведен финансискиот ферплеј, таков договор им беше предложен на сите тимови, со исклучок на неколку помали руски клубот. Ние отидовме во УЕФА пред 15 дена и го претставивме нашиот план кој гарантираше решавање на проблемите кои се појавија поради промена на сопственикот на клубот, изјави Марко Фасоне, извршен директор на Милан.

Европската фудбалска федерација го одби планот за рефинансирање на долгот што го има Милан во висина од околу 380 милиони евра. 

притисни ентер