Роналдо се сврте против навивачите на Реал

Големиот ѕвезда на европскиот клупски шампион, Реал Мадрид - Кристијано Роналдо, се сврте против навивачите на „белите“ за да го заштити својот соиграч Карим Бензема.
За време на вчерашната победа од 5:2 над Реал Сосиедад на „Сантијаго Бернабеу“, францускиот стрелец повторно доби свирежи од трибините поради неговата слаба форма од почетокот на сезоната.

По ново големо промашување, напаѓачот се расплака од новите навреди. На Роналдо не му се допадна односот кон Бензема и се сврте кон навивачите со повик за поддршка за Карим. Ова веднаш даде резултат и тие му аплаудираа поранешниот француски репрезентативец.

По натпреварот, тренерот Зинедин Зидан ја коментираше оваа тема.

- Не знам зошто се случува ова, но поддржувачите можат да прават што сакаат. Тој едноставно нема среќа, но тоа може да се промени во секое време, изјави Зидан.

Во однос на успехот, тој рече дека Реал го започнал дуелот силно од самиот почеток, но додаде дека тимот треба да се подобри во одбраната.

- Петте гола се позитивен знак, додаде тренерот на „кралскиот“ клуб.

Хет-трик за успех погоди Роналдо, додека Бензема не успеа да постигне гол во петтиот последователен натпревар во Ла Лига, во кој учествуваше. Од почетокот на сезоната, има само пет гола во сите 20 настапи./MИА

Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер.

Фудбалскиот стручњак потпиша тригодишен договор вреден 6,5 милиони евра по сезона.

Претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис пред неколку часа соопшти дека ја прекинале соработката со тренерот Маурицио Сари.

Анчелоти претходно беше тренер на Парма, Милан, Јувентус, Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ и последно во Баерн Минхен. За него ова ќе биде прво враќање во Серија А по девет години.

Наполи заврши на второто место во Серија А  и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите./МИА

Леконт: Ѓоковиќ веднаш требаше да го оперира лактот

Поранешниот француски тенисер Анри Леконт изјави дека проблемот на Новак Ѓоковиќ е од ментална природа и се забележува дека не ужива на теренот. 

Според Леконт, најдобриот српски тенисер донел лоша одлука кога станува збор за неговото лечење и веднаш требало да замине на операција на лактот.

- Проблемот на Ѓоковиќ е од ментална природа. Мора да бидете решителни и да уживате во процесот на враќање. Се сомневам дека тој ужива на теренот, а треба да верува и да си докаже на себеси дека тоа е можно. Тој е одличен играч и мора повторно да освојува големи натпревари, но факт е дека не се врати на вистинскиот начин, потенцира поранешниот француски тенисер.

Според него за Ѓоковиќ не би било добро повторно да соработува со Борис Бекер.

- Најголемата грешка на Ѓоковиќ беше тоа што премногу долго ја одложуваше операцијата  на лактот, истакна Леконт.

Ѓоковиќ по тешкиот старт во 2018 година и по разочарувачките резултати, конечно на турнирот во Рим почна да игра на повисоко ниво, но се уште далеку од неговите најдобри периоди./МИА

Наполи го отпушти тренерот Маурицио Сари

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи го отпушти тренерот Маурицио Сари.

- Му благодариме на Маурицио Сари на драгоцената посветеност во Наполи, кој на овој град и навивачите ширум светот им донесе убави емоции и престиж, создавајќи стил на игра на кој му се воодушевуваа сите, напиша претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис.

Фудбалскиот стручњак ќе добие обесштетување од половина милион евра, бидејќи Наполи му врачи отказ пред први јуни.

Сари е прв кандидат да го наследи Антонио Конте во Челзи, а на неговото место во Наполи треба да дојде Карло Анчелоти. Се очекува Анчелоти наскоро и официјално да биде претставен како нов тренер на Наполи./МИА

притисни ентер